Владејачката ХДЗ почнува постапка за отповикување на хрватскиот премиер Орешковиќ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Шефот навладејачката ХДЗ, Томислав Карамарко, соопшти дека неговата партија ќе почне постапка за отповикување на премиерот на хрватската Влада, Тихомир Орешковиќ.

Карамарко на вонредна прес-конференција рече дека на Хрватска ѝ е потребна цврста, хомогена и единствена влада што ќе продолжи да ги спроведува почнатите реформи.

За Владата на Орешковиќ, шефот на ХДЗ рече дека е дисфункционална во многу елементи.

„Едноставно би требало да престане ова што сега е на сцената. Лоши односи, полуодноси. Хрватска нема време и трпение за такви односи“, изјави Карамарко.

Барањето на Орешковиќ од Владата да отстапат шефовите на двете најголеми партии, тој го оцени како симптом на дијагнозата за Владата што веќе ја постави. Карамарко не ја исклучи можноста и за нови избори, но рече дека тоа сепак би одземало многу време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×