Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа: Коронавирусот поттикна раст на е-трговијата
Објавено на од во Економија
„Е-трговијата забрзано се развива во целиот регион, а коронавирусот послужи како додатен двигател за запознавање со овој начин на купување.“
Vladimir Djordjevic 1
Во Македонија во текот на месец март оваа година имаше дури 30 проценти повеќе онлајн трансакции на Visa картичките во однос на истиот период минатата година. Е-трговијата забрзано се развива во целиот регион, а коронавирусот послужи како додатен двигател за запознавање со овој начин на купување. Во разговор со Капитал, Генералниот директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа, зборува за движењето кон е-трговијата и дигиталното плаќање, но и во спречување на злоупотреба при вакви трансакции.
 -Во текот на пандемијата од COVID-19, порасна заинтересираноста за бесконтактно плаќање. Каква е ситуацијата во Македонија по ова прашање?
Со години наназад бесконтактните трансакции прават значајна разлика во начинот преку кој милион луѓе плаќаат. Пандемијата дополнително влијаеше на заинтересираноста на овој начин на плаќање во многу земји насекаде низ светот и верувам дека тоа не е актуелен тренд, туку дека веќе станува секојдневна навика за плаќање. Бесконтактното претставува едноставен и сигурен начин на плаќање, како за трговците, така и за потрошувачите, видливо побрз и попрактичен од употреба на готовина. Картицата или уредот преку кој се врши плаќање не ја напуштаат раката на корисникот и со тоа дополнително се намалува можноста дека податоците можат да бидат компромитирани на било каков начин. Вкупната употреба на бесконтактниот начин на плаќање со Visa картичките во Македонија порасна за 113 проценти во однос на март минатата година.[1] Имајќи го во предвид порастот на употреба, Visa неодамна во сите земји на Југоисточна Европа го зголеми максималниот износ за бесконтактни трансакции за кои не е потребен внес на PIN код. Во Македонија тој лимит е зголемен на 2.500 денари, што претставува унапредување од 25 проценти во однос на претходната сума.
 -Значи, потрошувачите во текот на пандемијата го променија начинот на купување. Какви се ефектите на коронавирусот врз е-трговијата во регионот?
 Е-трговијата претставува голем потенцијал за компаниите, а посебно за малите и средните. На глобално ниво согледуваме дека денешната економија е всушност дигитална, луѓето сѐ повеќе купуваат онлајн или нарачуваат услуги користејќи го само мобилниот телефон, од било кое место. Е-трговијата забрзано се развива во целиот регион, а коронавирусот послужи како дополнителен двигател за запознавање со овој начин на купување, дури и кај оној дел од популацијата кој преферира да купува на лице место. Во Македонија во текот на март оваа година имаше 30  проценти повеќе онлајн трансакции со Visa картичките во однос на истиот период минатата година.[2] Купувачите, прилагодувајќи се на препорачаните мерки, набавуваа дури и основни намирници преку интернет и се уверија дека од удобноста на својот дом можат да пристапат кон широкиот спектар на роба и услуги. Сметам дека трендот на раст на онлајн купувањето ќе се одржи и дека во иднина можеме да очекуваме генерално придвижување кон е-трговијата. Денес, за да може некое претпријатие непречено да работи во сите околности, потребно е да биде дигитално. Овде не зборуваме за важноста на примената само на новите технологии, туку и за прилагодување на потребите на потрошувачите и нивните нови навики.
 -За да одговориме на тие нови потреби на потрошувачите, повеќето бизниси сега се селат на интернет. Кои се најдобрите начини да се спречи злоупотреба во светот на интернетот?
Да се обезбеди правилен баланс помеѓу дигиталната транзиција на бизнисот, да се пружи поддршка на купувачите и да се изгради доверба, со сигурност претставува дополнителен предизвик. Клучно во процесот на трансформација на бизнисите е обезбедување на вистинските алатки за е-трговија со овозможување на сигурно и едноставно искуство при плаќање. Со сето тоа, треба да се земат во предвид и потенцијалните стравови на корисниците поради можни злоупотреби. Следниот чекор дефинитивно е инвестирање во интелигенција и технологија кои ќе им овозможат безбедност на потрошувачите. Visa веќе 60 години нуди сигурни и солидни решенија за плаќање, кои ги задоволуваат потребите на трговците и нивните купувачи. Преку интернет или надвор од мрежата, преземаме проактивни чекори за да се осигураме дека информациите и трансакциите се безбедни. Нашите напредни технологии помагаат во спречување, откривање и искоренување на заканите. Неодамна ја претставивме Visa Secure, унапредена програма за зголемување на безбедноста на онлајн плаќањето, која користи EMV 3-D Secure (3DS) технологија. Ова решение овозможува купувачите да го потврдат својот идентитет во банката, преку е-трговија или онлајн плаќање без присуство на платежна картичка. Најдобриот начин за заштита на трговците е нивната постојана едукација и информираност, но и примена на теоријата во пракса.
 -Потрошувачите стравуваат за своите податоци кога купуваат онлајн. На кој начин Visa ги штити овие чувствителни информации?
Главни приоритети на компанијата Visa се да овозможи сигурна мрежа за плаќање на клиентите и заштита на нивните податоци. 3DS програмата, која што ја споменав, го потврдува идентитетот на клиентот во реално време, додека трансакцијата е во тек. Доколку се појави било каков сомнеж, програмата прави дополнителна проверка на идентитетот за да се осигура дека трансакцијата е навистина направена од сопственикот на Visa картичката. Нашиот напредок во аналитиката, токенизацијата и управувањето со биометриските податоци, ни овозможува да ја одржиме стапката на измама на 0,01 проценти, што е многу блиску до историскиот рекорд.
[1]Базирано на податоците на компанијата Visa, март 2020.
[2]Базирано на податоците на компанијата Visa, март 2020.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×