Владимир Косијер – нов генерален директор на Пивара Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Од 1 мај 2018година функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе ја извршува Владимир Косијер. Тој на оваа позиција доаѓа по Јован Радосављевиќ, кој со оваа редовна организациска промена е унапреден на позицијата генерален директор на операциите на Coca-Cola HBC во Романија.

На позицијата генерален директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер доаѓа од Украина каде во изминатите пет години ја извршуваше функцијата менаџер за продажба на Coca-Cola HBC за пазарите на Украина и Молдавија.

Благодарение на неговото лидерство, фокусот кон потребите на потрошувачите и мотивацијата на тимот со кој раководел, компанијата остварила рекордни резултати во продажбата и задоволството на потрошувачите, за што сведочат голем број освоени меѓународни награди и признанија во рамки на Coca-Cola HBC групацијата.

„Навистина со големо нетрпение очекувам и се радувам што ја преземам функцијата генерален директор на Пивара Скопје. Компанијата има одлична репутација во Групацијата како резултат на нејзините успеси и значење за заедницата и секако, нејзините луѓе. Верувам дека со моето искуство ќе придонесам кон натамошниот одржлив развој на компанијата и на натамошните вложувања во сите сегменти што го поттикнуваат тој развој, почнувајќи од нашиот тим, довербата на купувачите и потрошувачите во нашите брендови и секако во заедницата“, изјави Владимир Косијер, пред стапувањето на функцијата генерален директор на Пивара Скопје.

Својата кариера во Coca-Cola системот, Косијер ја започнува пред повеќе од 16 години во Србија, поминувајќи ги сите скалила во комерцијалниот сектор и учествувајќи во реализацијата на голем број проекти.

Одличните резултати во досегашната кариера на Владимир Косијер, во комбинација со неговата експертиза, искуство и уникатниот стил на управување со комплексни тимови, се дополнителна гаранција дека под негово раководство Пивара Скопје ќе продолжи со натамошно зацврстување на пазарните позиции, одржување на високото ниво на задоволство на потрошувачите и вложувањата во одржлив развој и општествено одговорни проекти значајни за пошироката заедница.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×