Влезот на Хрватска во ЕУ го погоди босанското сирење
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Извозот на сирење од Босна и Херцеговина е намален  откако лани во јули Хрватска влезе во ЕУ, а во оваа земја одел 70% од босанскиот извоз на сирење

Производителите на сирење од БиХ, како што  рекоа од Здружението на произвоидтели за Бизнис плус, се наоѓаат во многу лоша ситуација, особено кога е во прашање извозот, кој што во огромна мера е намален со влегувањето на Хрватска во ЕУ.

“До први јули минатата година во Хрватска извезувавме 70% од нашето производство, затоа моравме да најдеме некои алтернативни пазари, но не ниту тоа лесно. Сирењата едамер и гауда ги извезуваме во Црна Гора  Србија, иако овие видови сирење и не се многу интересни за производство, но тоа го правиме само за да не го прекинеме извозот“, рече  директорот на Млекарата Ливно, Жељко Маријан.

Во Босна и Херцеговина, како што вели Маријан, се увезуваат сирења од Европската унија по цена од околу 2,5 евра за килограм, така што домашните производители се доведуваат во неповолна ситуација, бидејќи малопродажната цена на бх. сирењата е околу 3,5 евра.

Најголем проблем наплатата

“Ние работиме во минус, но не се откажуваме. Се надеваме дека конечно ќе се реши проблемот со извозот и дека ќе се вратиме во Хрватска и другите земји, затоа што имаме дозвола за извоз, така што веднаш може да почнеме. Исто така, извезуваме и во Русија, а баравме да дојде нивна комисија за да се уверат дека е се како што треба. Следните месеци и тоа би требало да се реши“, истакна Маријан.

Омер Мракиќ, претседателот на Здружението на производители во БиХ, рече дека најголем проблем за производителите во БиХ претставува наплатата, затоа што процесот на правење сирење е долготраен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×