Вложувај балансирано со Стопанска Банка а.д.Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје
Објавено на од во Компании
Следејќи ги динамичните финансиски трендови, Стопанска банка а.д. Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје креираа нов комбиниран производ – Инвестициски депозит во кои ги интегрираа сигурноста и инвестициите.  Инвестицискиот депозит е прв производ од овој тип на пазарот кој е креиран за да излезе во пресрет и да ги задоволи специфичните потребите на потрошувачите и воедно да понуди дополнителна вредност на нивната инвестиција.

IMG-ae4f1c9581177262782428ff4153cfd6-VВо услови кога финансискиот пазар се соочува со  намалување на каматните стапки на депозитите, Инвестицискиот депозит на Стопанска банка а.д. Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје кој претставува комбинација од депозит и вложување во инвестициски фонд им нуди единствена, премиум каматна стапка на клиентите. 

Максималниот износ на овој депозит е 10.000 евра или соодветна денарска противвредност, а рокот на орочување е 36 месеци со најконкурентна фиксна каматна стапка од 3,5% на годишно ниво за денарски депозити или 2,4% за депозити во евро валута (фиксна каматна стапка на влогот на банката +1% годишно бонус на камата на депонираниот влог). Половина од средствата клиентот ги орочува во Банката како депозит, а со другата половина од средствата купува удели во фондот Генерали Топ Брендови, кој е управуван од страна на Друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје.

,, Соработката на два големи, силни и препознатливи брендови како што се Стопанска банка а.д. Битола која на пазарот постои и успешно работи повеќе од 70 години и Генерали Инвестментс АД Скопје како докажан лидер во обезбедувањето на професионални услуги за управување со средства носи новитет и свежина на финансискиот пазар во земјава и  нуди сигурност, избор и пред се значајни предности и добивка за оние кои сакаат да ги инвестираат своите средства’’ – велат од Стопанска банка а.д. Битола 

Генерали Топ Брендови е глобално ориентиран фонд со акцент на “Blue Chip” компании. Фондот инвестира во акции на компании кои управуваат со најсилните брендови во светот. Ова е вистински избор за вложувачи кои преферираат стабилен и сигурен раст на сопствениот влог. Неговата суштина е во флексибилноста, што значи приспособување кон условите на пазарот. Генерали Топ Брендови е комбинација од сигурност и профитабилност.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×