ВМРО-ДПМНЕ: Будно ќе ја следиме работата на Заев за да не отстапи од гаранциите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Од денес натаму СДС и Зоран Заев ја имаат целата одговорност. Тие го контролираат парламентарното мнозинство и од нив зависи формирањето на идната Влада“, изјави на денешната прес-конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, а откако претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му го врачи мандатот за составување влада.

Тодоров рече дека на гаранцијата оти нема да се наруши унитарниот карактер на мултиетничка Македонија е потпишан само Заев, а не и првите луѓе на партиите на Албанците кои му дадоа поддршка.

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ будно ќе ја следи неговата работа и нема да дозволи од какви било причини да отстапи од гаранциите кои ги даде“, изјави Тодоров.

Тој рече и дека со гаранциите што Заев му го дал на Иванов „вложените напори за заштита на државните и национални интереси вродиле со плод“.

„Политичкиот отпор на ВМРО-ДПМНЕ и 80 дневните најдолги и најмасовни протести на стотици илјади граѓани низ целата држава резултираа со неопходните гаранции дека нема да се наруши унитарниот карактер на мултиетничка Македонија. Огромен придонес во тоа имаше и претседателот Ѓорге Иванов кој со својот принципиелен став не отстапи и се бореше да обезбеди сигурност дека иднината на земјата нема да се крои врз основа на туѓи декларации или платформи“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×