ВМРО–ДПМНЕ: Не е точно дека не постојат услови за фер и демократски избори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ смета дека не е точно дека не постојат услови за фер и демократски избори. Точно е само дека не постои подготвеност на СДСМ да излезе на избори, затоа што е свесна дека ќе ги загуби бидејќи ја нема поддршката од народот. Точно е и дека заради тој страв СДСМ сака пролонгирање на кризата и СДСМ е подготвена на сѐ за да го направи тоа. Ова го соопштија денес од ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашната оценка на ЕУ и САД дека нема услови за одржување на фер и демократски избори.

Од партијата, притоа, не најавуваат што ќе се случува понатаму – дали ќе се распишуваат предвремените избори на 24 април или не. Тврдат само дека САД и ЕУ не презентираат сериозен и кредибилен аргумент за да се одложат изборите.

„Претставниците на САД и ЕУ не презентираа ниту еден сериозен и кредибилен аргумент во прилог на тезата за неподготвеноста на Република Македонија за избори со што е јасно дека станува збор за проценка базирана на политичка одлука, а не факти. Во претходните денови, во интензивната комуникација со нив, на сите нивоа, како политичко, така и техничко, се уверивме дека нема валидни аргументи за одложување на изборите. Затоа вчера ја повикавме Државната изборна комисија, партиите и засегнатите меѓународни претставници на јавна дебата. Затоа Претседателот на ДИК вчера се криеше и избегнуваше средба во текот на целиот ден, се вели во соопштението.

Оттаму предупредуваат дека ваквите состојби може да ја воведат земјата во нови проблеми и наместо кон излез од кризата да ја однесат кон нејзино продлабочување, спротивно од тоа што го очекуваат граѓаните и од политичките чинители во земјава и од меѓународната заедница.

„СДСМ е единствената опозиција што се гордее дека измолила негативен извештај кај меѓународните претставници со кој би го аргументирала бегството и стравот од соочување со граѓаните на избори. СДСМ никогаш не дошла на власт со програма и проекти и знаат дека не можат да го сторат тоа. Единствениот начин што им преостанува е преку деструкција, подметнувања и оцрнувања на сопствената земја и институции што е можно подолго, технички да останат во Владата“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×