ВМРО-ДПМНЕ со апел за лидерска средба
Објавено на од во НАВИГАТОР

06-1Блиску ли е договорот за мирен трансфер на власта?

Сè  уште нема сигурни показатели за брзо одблокирање на демократските процеси, односно за избор на претседател на Парламентот и на нова влада. Политичката криза може да трае бесконечно, а може да се реши и веќе утре, сметаат аналитичарите, додавајќи дека тоа во основа е одлука на ВМРО-ДПМНЕ – кога ќе дозволи мирен трансфер на власта, а за моментот кога оваа партија ќе го прифати изборниот резултат и создаденото парламентарното мнозинство влијание имаат повеќе фактори

 

„Промени ќе има многу брзо“, порачуваат од СДСМ веќе подолго време, аргументирајќи дека „во Република Македонија постои декларирано парламентарно мнозинство од 67 пратеници кое е власт во државата“.

Но, релативноста на брзината на промените, во услови, како што велат од СДСМ, на „неразумни политичари како Груевски и Иванов“, ја одредува чекањето на „разумен момент што ќе процениме дека нема да нанесе штети“, што ќе биде одбран „мудро за да ги заштити државата и граѓаните од насилието на криминалната група која сака инциденти и не дозволува мирен трансфер на власта“.

Според она што се знае во јавноста за развојот на ситуацијата, разумниот момент според описот на СДСМ не е на повидок.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, калкулирајќи ги своите ризици од ситуација, излезе со барање да се свика лидерска средба, при што пратеникот Крсто Мукоски, од кој конкретно дојде апелот, акцентот го стави на „постигнувањето компромис“.

Извесна затеченост од ваквиот повик на ВМРО-ДПМНЕ прозвучи од насловите со кои медиуми што јавноста ги смета за блиски до оваа партија го покрија настанот: „Мукоски: Ова не се изгубени денови во Собранието, туку историски денови на бранење на државата“.

Како и да е, во СДСМ засега (до затворањето на овој текст) не се расположени за седнување на маса со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поради ставот дека на лидерска средба не би имало за што да се разговара, при јасна ситуација – имаше избори по кои се формира парламентарно мнозинство кому Иванов со одбивањето да го даде мандатот и ВМРО-ДПМНЕ со блокадата на Парламентот не му дозволува да формира влада.

Од ДУИ, пак, во принцип одговорија позитивно на апелот за лидерска средба, со став дека „било која форма на дијалог треба да се поддржи“, а „независно кој и со кого, отфрлањето на разговори е несоодветно во услови на криза“, како што рече партискиот портпарол Бујар Османи.

Тој, гостувајќи на ТВ Нова, во контекстот повтори дека ДУИ има информации за средби меѓу Никола Груевски и Зоран Заев што се случиле изминатиов период.

И аналитичарите сметаат дека е неблагодарно да се предвидува натамошниот развој на ситуација.

„Од она што се случува и што го гледаме, ништо не може со сигурност да се очекува“, вели поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, додавајќи дека „може да има и брза разрешница, но и да биде како досега – да се влечкаат работите“.

„Сѐ уште нема настан што ќе покаже дека настапува пресврт во ситуацијата“, е неговата оценка.

Што се однесува до лидерската средба, Андов смета дека ако одржувањето на истата е услов на ДУИ за стабилноста на коалицијата со СДСМ, партијата предводена од Заев тоа ќе мора да го прифати.

„Без ДУИ нема разрешување на моменталната криза, и ако ДУИ инсистира на лидерска средба, а СДСМ не прифати, коалицијата може да се разлабави“, вели Андов.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски, пак, е на став дека ДУИ ќе се сообрази со позицијата на СДСМ, и во однос на предлогот за лидерска средба.

„Не верувам дека на каков и да е начин ДУИ сега може да се врати во прегратките на ВМРО-ДПМНЕ. Тие својот Рубикон го преминаа, и имајќи ја предвид албанофобичната реторика на ВМРО-ДПМНЕ; не верувам дека која и да е албанска партија што има инстинкт за самоодржување може сега да соработува со ВМРО-ДПМНЕ“, вели Арсовски.

Според него, нема ниту за што да се преговара на лидерска средба.

„Ако има средба, таму ВМРО-ДПМНЕ мора нешто да добие, а коалицијата што го прави парламентарното мнозинство мора нешто да  загуби. Што е тоа што победничката коалиција може во овој момент да му го попушти на ВМРО-ДПМНЕ? Таа средба има логика само доколку има нешто нејасно, а во случајов нема ништо такво – има 67 пратеници со изразена волја да формираат парламентарно мнозинство и влада, додека Иванов вика не го давам мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ не попуштам. За што тука може да се преговара? Од што СДСМ може сега да отстапи?“, вели Арсовски, кој смета дека, без разлика, во СДСМ би можеле да одлучат да прифатат одржување на лидерска средба, што според аналитичарот би било грешка на партијата предводена од Заев.

Арсовски смета дека политичката криза може да трае бесконечно, а може да се реши и во еден ден.

„Тоа е во основа одлука на ВМРО-ДПМНЕ – кога ќе дозволи мирен трансфер на власта. Тие може да блокираат до бесконечност и да не можат да се поделат субвенции, плати, пензии, а може и во секој момент да одлучат да ги прифатат резултатите од изборите, што тие де факто не ги прифаќаат“, вели аналитичарот.

Според него, механизмот како ќе се стигне до ваква одлука на ВМРО-ДПМНЕ зависи од сите политички партии – улога секако игра и меѓународниот фактор, а Арсовски остава можност и за некаков пробив во Собранието.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×