Во 2016 очекуваме попозитивни трендови
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Emil TedeskiПоследиците од долгогодишната рецесија не е можно да се занемарат. Последните неколку години се соочуваме со консеквентно скромни очекувања во контекст на економскиот раст во потесното опкружување, што нужно се рефлектира и на поединечни субјекти од националната економија.

Во Хрватска после подолго време сведочиме за благ раст на економските показатели во минатите години, што остава простор за разумен оптимизам врзан со понатамошните трендови. Сепак последиците од долгогодишната рецесија не е можно да се занемарат. Последните неколку години се соочуваме со консеквентно скромни очекувања во контекст на економскиот раст во потесното опкружување, што нужно се рефлектира и на поединечни субјекти од националната економија. И во идната година би требало да се остави конзервативен во очекувањата, не само во Хрватска него и пошироки иако постојат навестувања за нешто посилно економско опоравување кај нас и во регионот. Атлантик Група во 2014 очекува раст, и покрај предизвикувачките макроекономски услови со кои сме се соочиле на повеќето наши пазари.

Благодарејќи на системската работа на развој на производниот асортиман, унапредување на пазарната позиција и нови дистрибутивни договори, во Хрватска остваривме стапка на раст која дури и го надминува растот на другите наши 12 пазари. Сепак вкупно гледајќи, станува збор за стапки кои не можеме да ги сметаме доволно амбициозни, со оглед на потребата од раст на компанијата. Понатамошната и поинтензивна интернационализација на работењето е дел од стратегијата во чија имплементација планираме сериозно да вложуваме во текот на наредната година. Токму со тоа на ум оваа година ја поминавме со реорганизација на дистрибутивно работење со основање на дистрибутивни компании на пазарите во Германија и Австрија, што во текот на 2016 година би требало да ги даде првите резултати.

Со оглед на дијапазонот на нашето производно портфолио и скромната стапка на раст која е можно да се очекува на хрватскиот и пазарите во регионот, каде нашиот асортиман веќе е високо застапен, Атлантик Груп во наредната година силен фокус ќе посвети на пласманот на брендовите со значаен интернационален потенцијал на пазарите вон регионот, пред се во западна, но и во источна Европа. Тоа се примарно Argeta, Donat Mg, Bakina tajna, Cedevita I Multipower, извонор западноевропски бренд за спортска прехрана. Можеме да кажеме дека најмногу амбиции имаме со производите од асортиманот на Бакина тајна, примарно во сегментот ајвар, за кој веруваме не само дека е најдобар туку и дека баш нашиот ајвар има потенцијал од локален или регионален специјалитет да стане глобален производ како пицата или хумусот. Интензивната интернационализација во наредниот период, меѓутоа , не значи дека на домашниот пазар гледаме со намален фокус.

Во 2016 година продолжуваме со јакнење на дистрибутивно портфолио и да вложуваме во развој на сопствените брендови. Оваа година договоривме две значајни нови дистрибутивни соработки во Хрватска- SAB, Miller и Phillips во сегментот на малите домашни апарати. Отворивме нова фабрика за енергетски плочици во сегментот на спортска исхрана во Нова Градишка, која како локација спрема вкупните инвестициски параметри е избрана помеѓу повеќе од 90 локации во повеќе земјо. Тоа зборува дека Хрватска како инвестициска дестинација има што да понуди, али тоа е потребно подобро да се промовира.

Ние како компанија и во наредната година ќе продолжиме да бидеме фокусирани на органскиот раст на работењето низ активен бренд менаџмент со акцент на јакнењето на позицијата на регионалните брендови како (Cocka, Cedevita, Smoki, Grand Kafa, Barcaffe, Stark) и активно да го развиваме регионалниот HoReCe портфолио. Со очекувања за излез на хрватското стопанство од рецесија на крајот на оваа година, благодарение на подобрената домашна побарувачка поттикната со даночните олеснувања, растот на расположливиот приход и растот на довербата на потрошувачите, очекуваме продолжување на позитивниот тренд и во наредната година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×