Во 2018 година воените расходи во светот највисоки во изминатите три децении
Објавено на од во Економија
Глобалните воени расходи минатата година достигнаа највисоко ниво во изминатите три децении, со најголемо учество во САД и Кина, според годишниот извештај на шведскиот истражувачки институт СИПРИ.
toysМеѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм објави дека воените трошоци во светот во 2018 година изнесуваат 1,8 билиони долари, 2,7 % повеќе од 2017 или 239 долари по човек.
САД остануваат земја со најголеми воени трошоци во светот со 649 милијарди долари, што е за четири отсто повеќе од претходната година. Нивниот удел изнесува 36% од глобалните расходи за 20818 година. САД потрошиле речиси колку и следните осум земји во рангирањето.
На второ место е Кина со 250 милијарди долари или 14 % од светските расходи. Ова е зголемување од пет отсто во споредба со 2017 година – најниско годишно зголемување од 1995 година.
Саудиска Арабија останува трета со 67,6 милијарди долари, и покрај намалувањето на трошоците за повеќе од шест отсто во споредба со 2017 година. Следат Индија и Франција.
Првите пет земји учествуваат 60 проценти од глобалните воени расходи. Русија е на шесто место, со воени расходи од 61,4 милијарди долари. Таа не е во првите пет за прв пат од 2006 година.
Општ тренд според СИПРИ е дека воените трошоци како дел од БДП се намалија во сите региони од 1999 година.
Шест од 10-те земји каде што воените трошења го сочинуваат најголемиот дел од БДП, се на Блискиот Исток. Во Европа, просекот изнесува 1,6 отсто од БДП, нешто помалку од Африка и Азиско-пацифичкиот регион.Јужна и Северна Америка имаат најнизок дел – 1,4 проценти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×