Во Анкара почна судскиот процес против Фетула Ѓулен
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во Судот за тешки кривични дела во Анкара денеска почна судскиот процес против исламскиот духовник Фетула Ѓулен и луѓе поврзани со неговата организација, под обвинение за организирање на обидот за преврат во Турција во јули годинава.

Како што јави ТАСС, на почетокот на процесот, судијата соопштил дека адвокатот на Ѓулен, кому му се суди во отсуство, информирал дека „нема да го брани обвинетитот“.

Адвокатот Алихан Унџу беше именуван како бранител на Ѓулен по службена должност од страна на Адвокатската комора од Анкара уште во септември годинава, но тој протестираше поради ваквата одлука и се закани со напуштање на асоцијацијата доколку не биде сменет од овој судски процес, но Комората го одби неговото барање.

Во рамки на овој судски процес обвинети се вкупно 73 лица, од кои најголемиот број се поранешни раководители и вработени во институциите под покровителство на организацијата на Ѓулен, како и неколкумина поранешни пратеници.

Јавното обвинителство за дел од обвинетите бара по неколку доживотни затворски казни, а за дел максимум до 132 години затвор. Тие, меѓу останатото, се товарат за обид за насилно уривање на Владата, за воена шпионажа и за фалсификување на службени документи.

Проповедникот Ѓулен живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија и Вашингтон досега не одговори позитивно на барањето на Анкара за негово апсење и екстрадиција во Турција. Уште по упатувањето на првото барање за екстрадиција, американските власти соопштија дека ќе ѝ го предадат Ѓулен на Турција, доколку добијат недвосмислени докази за негова вмешаност во обидот за преврат.

Ѓулен од своја страна негира каква и да е негова поврзаност со неуспешниот државен удар во Турција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×