Во Белград денес почнува состанокот на ОБСЕ. Кери и Лавров меѓу највисоките гости
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

DacicДенес во Белград почнува 22. состанок на Советот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ на кој главна тема е соработката на земјите во борбата против тероризмот.

На дводневниот состанок ќе учествуваат над 45 министри за надворешни работи, меѓу кои американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Очекувањата се дека на маргините од состанокот, билатерална средба ќе имаат Кери и Лавров.

„За време на Министерскиот совет на ОБСЕ следната недела Белград ќе биде дипломатската престолнина на Европа“, истакна министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дациќ минатата недела.

Тој додаде дека степенот на безбедност ќе биде на највисоко можно ниво, имајќи ги предвид актуелните настани, и дека на собирот ќе стане збор за борба против тероризмот, како и за мигрантската криза.

Како што соопштија српските медиуми, над седум илјади полицајци, распоредени во пет прстени, и снајперисти на покривите на зградите, ќе ги обезбедуваат учесниците на Министерскиот совет.

Интересно е дека американскиот државен секретар, Џон Кери, и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во Србија ќе дојдат и со свое обезбедување, а ќе има специјалци и од други земји.

За безбедноста на Кери ќе се грижат припадници на тајна служба, а со Лавров пристигнуваат оперативци на руската Федерална служба за безбедност.

Инаку, со овој собир завршува претседателството на Србија со ОБСЕ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×