Во Дубровник дводневен самит на Процесот 16 + 1
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Еден појас, еден пат“ –  современ Пат на свилата и еден од најамбициозните проекти во историјата.
Croatian-guards-800x450Делегацијата на Кина, предводена од премиерот Ли Кечијанг, допатува во Дубровник, на дводневниот самит на Процесот 16+1 во чии рамки ќе биде одржан и деловен форум на земјите од Централна и Источна Европа и Кина.
Иницијативата 16+1 Кина ја смета за интегрален дел од својот мегапроект „Еден појас, еден пат“ –  современ Пат на свилата и еден од најамбициозните проекти во историјата.
Премиерот на Кина допатува во Дубровник од Загреб, каде вчера, за време на неговата прва официјална посета на Хрватска, имаше средби со највисоките државни функционери, претседателката, премиерот и претседателот на Парламентот, Колинда Грабар Китаровиќ, Андреј Пленковиќ и Гордан Јандроковиќ.
Во Дубровник пристигнаа и шефовите на држави или влади на 16 земји од Централна и Источна Европа.
Владината делегација од Република Северна Македонија ја предводи премиерот Зоран Заев и во нејзин состав се заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за култура Асаф Адеми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×