Во фабриката на Geox во Врање ги советувале работниците да носат памперс пелени ако имаат чести физиолошки потреби
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Откако локалните медиуми во Србија ја објавија исповедта на Гордана Крстиќ која заради ненормални услови за работа си даде отказ од фабриката за обувки Геокс (Geox) во Врање, почнува да се одмотува уште едно клопче за мобингот на странските работодавци во Србија.

Geox (1)Како најдрастичен пример оваа поранешна работничка наведува дека на вработените во тек на смената од 7 наутро со 15 часот им било дозволено да одат само два пати во тоалет, а италијанскиот работодавец им препорачал ако имаат почести физиолошки потреби, да носат памперс пелени.

По нејзината изјава повеќе работници од Геокс се јавиле во редакцијата на весникот Данас да го потврдат понижувачкиот однос на италијанскиот работодавец, но сакале да останат анонимни, бидејќи во случај на објавување на нивните имиња сигурно моментално би добиле отказ.

“Постои вербално навредување, не нарекуваат со погрдни имиња, на што немате на кого да се жалите. Ниту во една хала нема адекватно проветрување, па се случувало работници да се онесвестат заради испарувања на лепакот на високите летни температури. По интервенцијата од брзата помош, тие мораа да се вратат на работната линија и да ја одработат својата смена”, изјавува еден од вработените за весникот Данас.
Инаку, просечните плати во фабриката на Геокс во Врање се движат околу 30.000 динари или околу 244 евра и се исплаќаат редовно.
Во локалната инспекција за труд досега имале добиено четири анонимни пријави на работници од Геокс кои се однесуваат на лошите услови за работа, но и на неисплатување на дневниците за прекувремена работа.

Фабриката на Геокс во Врање е отворена со субвенции од Владата на Србија од над 3 милиони евра за отворање на нови работни места, како и повеќе милионско вложување во средување на индустрискиот простор во слободната зона Бунушевац.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×