Во Германија до 2050 ќе се удвои бројот на муслимани, и ако нема бегалски бранови
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Процентот на муслиманско население во Германија би можел да се удвои до 2050 година, покажува студијата на Институтот Pew.

„Во Германија, ако се земе предвид регуларната миграција без бегалските бранови, во 2050 година уделот на муслиманско население би можел да изнесува 11%, што е скоро двојно повеќе отколку денес“, произлегува од студијата на американскиот институт.

А и без регуларната миграција, уделот од сегашните 5,5% би можел да се зголеми на 9%, е процената на институтот. Причината за тоа е што граѓаните на Германија со муслиманска вероисповед се во просек помлади од другото население, и муслиманските жени просечно раѓаат повеќе деца (1,9) од остатокот на женската популација (1,4 деца по жена).

Студијата во која се анализирани податоци од земјите-членки на Европската унија, од Норвешка и од Швајцарија, покажува дека земја со најголем процент муслиманско население во Унијата е Франција (8,8%), зад која се Шведска (8,1%) и Велика Британија (6,3%).

Сепак, мнозинството Германци доаѓањето на бегалците од Сирија и од Ирак не го доживуваат како „сериозна закана“, за разлика од Полјаците, Унгарците, Италијанците и Грците. Во Полска, каде отпорот на јавноста кон муслиманските доселеници е многу изразен, има 0,1% муслимани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×