Во Германија се повеќе работници од Балканот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Бројот на луѓе од земји кои не се членки на ЕУ, а кои имаат дозвола за работа во Германија веќе трета година по ред се зголемува за околу 20%.
germany-migrants-work-superJumboРечиси четвртина од нив во 2018 година биле од земјите од Западен Балкан.
Германскиот сојузен завод за статистика (Дестатис) објави дека во текот на изминатата година бројот на лица од земји кои не се членки на ЕУ кои работат во Германија е зголемен за 20%, јави Дојче веле.
Истражувањето го покажа следното:
– Бројот на граѓани кои не се членки на ЕУ со дозвола за работа во Германија се зголеми од 217.000 во 2017 година на 266.000 во 2018 година.
– Ова е трета година по ред во која тој број се зголемува за 20 проценти.
– Повеќето од овие луѓе се од Индија (12 %), Кина (9%), Босна и Херцеговина (8%) и САД (7%).
– Во просек, тие имаат 35 години, а повеќе од две третини се мажи.
– Повеќе од 80% од нив имаат привремена работна дозвола, а само 17%  постојана.
Заводот за статистика објави дека речиси 25 % од нив се од Западен Балкан, односно од Албанија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Во 2015 година имало само околу %.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×