Во Германија се зголемува бројот на невработени
Објавено на од во Економија

Според Федералниот завод за статистика (Destitis),  пазарот на трудот почнува да ги почувствува последиците од забавување на растот на најголемата европска економија, пишува Танјуг.

Стапката на невработеност, според сезонски прилагодените податоци, се зголеми на 5,0%, објави Ројтерс.

de workСпоред сезонски прилагодените податоци Заводот, бројот на невработени во мај се зголеми за 60.000, на 2.27 милиони луѓе, а според неприлагодените податоци, бројот на невработени лица се зголеми за 7.000, на 2.23 милиони.

Во анкетата на Ројтерс, економистите предвидуваат пад на бројот на невработени за 8.000 луѓе.

Германскиот силен пазар на работна сила е главен лост на економскиот раст во земјата во последниве години, објави агенцијата, додавајќи дека зголемувањето на невработеноста во текот на неколку месеци би можело да ги ослаби трошоците на домаќинствата, што е еден од најважните двигатели на растот.

Иако неочекуваното зголемување на невработеноста во голема мера е резултат на ревизија на статусот на некои корисници на парични надоместоци, забавувањето во економијата, исто така, одигра улога, рече шефот на Канцеларијата за пазар на труд, Детлеф Шила.

“На пазарот на труд, можеме да ги видиме првите ефекти од надминување на неодамнешниот малку послаб економски раст. Побарувачката за нови работници брзо се намалува, но сеуште е на високо ниво “, рече тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×