Во Хрватска се развива нова иновација – овој пат паметна јакна
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

UltijackИако јакната под име Ultijack се уште е во рана фаза на развојот – оти првата серија на хрватската паметна јакна се очекува на пазарот до почетокот на пролет следната година, тоа воопшто не е пречка да ги добие првите инвеститори.

Хрватската компанијата Valinee Vinger која ја стартуваше наградуваната дизајнерка од Ријека Valinea Vinger, а која тестира три прототипа на паметни јакни веќе го доби првиот инвеститор, кој инвестираше речиси 20 илјади евра. Станува збор за претседателот на Хрватската мрежа на бизнис ангели, Даворин Штетнер.

Инаку Ultijack е мултифункционална паметна јакна развиена во Хрватска. Освен Vinger на проектот работеше и тим од програмери Лука Филипан и Филип Стојанач, експертот за меркетинг Дамјан Марковиќ и советникот Дарио Зориќ.

„Сакавме да направи јакна која не е само атрактивна на изглед и практична, туку јакна која му овозможува  на сопственикот интеракција со уредите кои ги користи секојдневно како што е паметниот телефон, лаптоп и таблети“, вели Vinger.

Таа објаснува дека со помош на NFC технологијата им се овозможува на корисниците само со повлекување на мобилниот преку ракавот да се јави на неговата девојка/дечко, најдобриот пријател или да им покаже календар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×