Во името на економскиот патриотизам
Објавено на од во Бизнис и политика

EN_00919697_0003Полска и Унгарија бараат поголема контрола врз компаниите

Економската криза и рецесија со која се сооува Еврпската унија и се поголемата неизвесност која владее во светот го засилуваат птотекционизмот во економијата. Властите во Унгарија и Полска се меѓу оние кои гласно бараат поголема надлежност врз компаниите во името на економскиот патриотизам

Пред две декади, пост-комунистичките Унгарија и Полска беа соевиден рај за странските инвестиции. И двете земји многу профитираа од овој бран, со оглед на тоа што сранските инвестиции донесоа многу нова технологија и капитал, и отворија многу нови работни места. Странските компании кои почнаа да ги купуваат државните имоти, ставија крај на евтиното купување на економијата од страна на олигарсите.

Но, откако почна финансиската криза во 2008 година, Полска, Унгарија и нивните соседи беа оставени со економии и банкарски системи кои доминантно беа управувани од страна на странци.

Сега главните политичари во овие земји се погласно сугерираат дека во изминатиов период е изгубен преголем дел од економскиот суверенитет.

“Ова се национални економии и безбедноста на националните економии мора да вклучува и национално влијание. Ова е според мене економски патриотизам”, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на настан на кој се појави заедно со Јарослав Качински, кој ја предводи владејачката полска партија.
И Качински потврдува дека ги дели многу од погледите и ставовите на Орбан.

Но, што тоа значи за инвестициите на странските компании во овие земји?
Засега сликата е прилично измешана.

Од 2010 година, владата предводена од Орбан им наметна кризни даноци на трговските ланци, телекомите и енергетските сектори, кои доминантни се управуван и во сопственост на странски компании. Исто така, на унгарскиот банкарски сектор, во кој најголеми сопственици се странски банки, му беше наметната највисока давачка во цела Европска унија.

Банките беа присилени со закон да ги покријат на сопствен товар трошоците од конвертирањето на милијарда вредни хипотеки издадени во странски валути, по промените во девизниот курс во 2008 година.
Откако профитот на банките се намали, две средни банки во Унгарија кои беа во странска сопственост беа продадени на купувачи  во сопственост на државата, во согласност со целта на Орбан да ја зголеми државната сопственост во домашниот банкарски сектор на над 50%.
Откако државата ги намали цените на комуналиите, некои странски компании беа
принудени да си заминат.
Орбан изјави дека станува збор за привремени секторски даночни кризи, додека ги реформира јавните финансии. Но, минатиот месец Орбан и јавно призна дека е уверен дека е неопходно да постои национално влијание  во четири клучни сектори: банкарскиот систем, медиумите, енергијата и трговските ланци.

file.kaczynski-orban-jaroslaw WEB 02

Унгарија покажува знаци дека релизацијата на целта на Орбан веќе го оштетува инвестицискиот имиџ на земјата. Минатата година Орбан беше принуден да ја укине високата банкарска давачка, кога Унгарија побара меѓународно кредитирање .

И Полска и Унгарија ги оставија недопрени другите сектори во кои се исто така доминантни се странци, вклучително автомобилската индустрија во која е привлекоа многу големи странски инвестиции.

Полската владејачка Право и правда внесе вознемиреност меѓу странските компании откако победи на минатогодишните парламентарни избори. По освојувањето на власта, на полскиот банкарски сектор му беше наметната нова давачка, пониска од онаа во Унгарија. На трговските ланци Полска воведе данок базиран на обртот кој го прават, за кој Европската комисија минатиот месец нареди да биде укинат бидејќи се коси со правилата на ЕУ за слободна конкуренција.

Полскиот претседател Андреј Дуда предложи да се донесе закон со кој се натераа банките да ги конвертираат хипотеките во странска валута назад во полски злоти по историски девизен курс, принудувајќи ги банките да плаќаат огромни трошоци од неколку милијарди евра.
Овој потег предизвика реакции и предупредувања од рејтинг агенциите, полскиот банкарски регулатор, централната банка, па дури и од министерот за економија , дека може да доведе до банкарска криза.
Претседателот Дуда се повелече од овој закон во август годинава.
Некои аналитичари сугерираат дека ова покажува дека владејачката партија во Полска е попрагматична од владејачката партија во Унгарија на чело со Орбан.
Но, Отилиа Данд од Тенео Интелџенс, консултанстка куќа за проценки на политички ризици, смета дека власта се уште може да се предомисли. “Власта во Полска го презема истиот однос како партијата на Орбан во Унгарија: ”Aјде да ги преплашиме, а после да им понудиме договор кој ќе биде поблаг од првичниот предложениот и сите ќе бидат среќни”, смета Данд.
Таа е загрижена дека владејачката партија во Полска сака да ги корегира историските грешки, кои според перцепцијата на јавноста, беа направени со т.н Балцерович план за либерализација, именуван според тогашниот министер за финансии Лешек Балцерович.

Министерот за економија Моравиецки, на кој минатиот месец му бесе додаден и ресорот за финансии, предизвика аларм кога во интервју во еден полски весник тој беше цитиран дека сака да се повлече од економскиот неолиберализам. Но, за Фајненшл Тајмс тој појаснил дека неговите зборови биле погрешно разбрани и дека тој воопшто нема намера да го ревидира она што се случило пред 25 години.

Тој појаснува дека неговиот план има за цел да ги зголеми домашното штедење и инвестициите, не само во полето на социјалните расходи планирани од владата, туку и да ги стимулира иновациите и долго запоставуваната инфраструктура, со цел богатството да рашири низ целата земја.

“Подобрата инфраструктура ќе ја направи Полска поатрактивна за странскитe компании”, вели Моравиецки. Инвеститорите се лоцираат на едно одредено место, но тие сакаат да отидат и на други места за еден или еден и половина час, а не како досега за пет часа. Ние и не сме толку големи”, вели тој.

(Текстот е објавен во Financial Times)

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×