Во јуни одлив на странски инвестиции
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Странските инвестиции во првото полугодие од годинава изнесуваат 122,92 милиони евра што е раст од 12,2% во однос на истиот период минатата година.

Меѓутоа, на месечно ниво, Народната банка регистрира одлив на странски каптиал од речиси 3 милиони евра.

По одделни земји, во првите шест месеци од годинава најмногу странски инвестиции дошле од Германија и тоа 15 милиони евра, 8,6 мииони евра од Италија, 9,7 милиони евра од Луксембург и 7,7 милиони евра од Лихтенштајн.

Во исто време, најголем одлив на капитал од 17, 2 милиони евра е регистриран во Холандија.

Инаку, лани во земјава влегле 157 милиони евра странски директни инвестиции, откако во 2014 била инвестирана сума од 205 милиони евра. Рекордна била 2007 година, со 506 милиони евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×