Во Каталонија се затворени 15.000 работни места во октомври
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во Каталонија, во октомври, во екот на политичката криза околу прогласувањето независност, затворени се 15.000 работни места, соопшти шпанското Министерство за труд и социјална политика.

Политичката криза натерала 1.000 компании да ги преселат своите централи во други делови од Шпанија, поради стравувањата дека во случај на остварена независност би можеле да останат надвор од заедничкиот европски пазар.

Каталонија предничи по бројот на загубени работни места во однос на другите шпански региони, наведува Асошиејтед прес.

Според податоците на Владата во Мадрид, минатиот месец 58.000 луѓе во Шпанија останеле без работа. Државата моментално има 3,4 милиони невработени (46,4 милиони жители), што е најнизок степен во последните осум години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×