Во Клубот на истражувачи на НБРМ промовирани два нови труда
Објавено на од во НАУКА / ИНОВАЦИИ / БИЗНИС
NBRM WEB 960На 15 март 2018 година во Народната банка на Република Македонија се одржа 28. сесија на Клубот на истражувачи, на која по отворањето на Клубот од страна на вицегувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, беа презентирани истражувачките трудови: „Фактори кои влијаат врз продуктивноста на фирмите по промена на сопственоста: резултати од квазиекспериментално истражување“ од Филип Јолевски и „Анализа на структурните карактеристики на македонската економија: оцена на детерминантите на продуктивноста преку користење на податоци на ниво на фирми“ од Билјана Јовановиќ.

 

На 15 март 2018 година во Народната банка на Република Македонија се одржа 28. сесија на Клубот на истражувачи, на која по отворањето на Клубот од страна на вицегувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, беа презентирани истражувачките трудови: „Фактори кои влијаат врз продуктивноста на фирмите по промена на сопственоста: резултати од квазиекспериментално истражување“ од Филип Јолевски и „Анализа на структурните карактеристики на македонската економија: оцена на детерминантите на продуктивноста преку користење на податоци на ниво на фирми“ од Билјана Јовановиќ.

Jolevski Filip 960 WEBВо трудот на Јолевски се разгледуваат емпириските докази за тоа како влијае промената на сопственоста на една фирма, или на единица инкорпорирана во неа, врз продуктивноста на таа фирма. Користејќи балансиран панел на микроподатоци од Анкетите на Светската банка за фирми, Јолевски ја разгледува продуктивноста на фирмите пред и по промената на сопственоста. Во рамки на истражувањето, тој не наоѓа статистички значаен доказ дека промената на сопственоста влијае врз продуктивноста на фирмите.
Но, како што беше потенцирано и во презентацијата на трудот, Јолевски одбележува дека постојат случаи во кои фирмите кај кои има промена на сопственоста имаат предиспозиции за висок раст на продуктивноста. Надградувајќи ја постоечката стручна литература за оваа тема, во трудот, тој презентира неколку хипотези, меѓу кои се издвојуваат хипотезата дека разликите на продуктивноста може да траат подолго од периодот којшто е разгледан во истражувањето, хипотезата дека пазарот на труд е пофлексибилен отколку пазарот на капитал, којшто предизвикува поголема продуктивност на трудот и хипотезата дека промената на сопственоста е појава што се јавува кај индустрии и фирми коишто веќе имаат висок потенцијал за продуктивност, поради што промената на сопственоста не може да се смета за фактор којшто предизвикува зголемување на продуктивноста.

Во презентираниот труд на Билјана Јовановиќ, истражувањето е насочено кон анализа на продуктивноста преку користење база на микроподатоци, односно на податоци на ниво на фирми. Примерокот е составен од финансиските извештаи на околу 900 средни и големи фирми за периодот од 2013 до 2016 година. Во првиот дел од истражувањето, пресметани се показателите за вкупната продуктивност на факторите на производство (ВПФ) и продуктивноста на трудот. Притоа, посебен фокус е ставен на пресметката на показателите ВПФ, а за проверка на резултатите се пресметани три алтернативи. Дескриптивната анализа на пресметаните показатели, како што во рамки на сесијата потенцира Јовановиќ, упатува на неколку значајни заклучоци во поглед на динамиката и структурата на продуктивноста. Наспроти солидната динамика на раст на продуктивноста во 2014 и 2015 година, во 2016 се забележува забавување на растот на продуктивноста на фирмите во рамки на избраниот примерок. Ваков тренд се сретнува и кај агрегатната продуктивност на ниво на целата економија. Гледано по сектори, забавувањето е одраз на негативните придонеси на градежништвото и преработувачката индустрија во 2016 година – сектори коишто во претходниот период биле двигатели на растот.

Jovanovic Biljana WEB 960Целта на вториот дел од ова истражување е да се утврдат детерминантите коишто влијаат врз продуктивноста. Поконкретно, како што беше одбележано и при презентирањето на трудот, преку соодветни економетриски техники, Јовановиќ го испитува влијанието на неколку фактори, како што се: големината на фирмите, задолженоста, показателот за финансиските проблеми на фирмите мерени преку каматната изложеност, показателот за квалитетот на човечкиот капитал, односно степенот на образование, како и вклученоста во извозот. Резултатите коишто ги претстави Јовановиќ, главно посочуваат на три фактори чиешто влијание е статистички значајно, а тоа се: големината на фирмата, каматната изложеност и човечкиот капитал.

Во рамки на сесијата, меѓу присутните истражувачи се водеше и дискусија поттикната од изложените истражувачки резултати од трудовите на Филип Јолевски и Билјана Јовановиќ.

Следната сесија на Клубот на истражувачи ќе се одржи во јуни годинава.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×