Во која услужна дејност е најисплатливо да се вложи?
Објавено на од во луѓе и компании
BusinessPlan20141Повеќе од 25% од новоотворените бизниси во Македонија во последниве пет години се во услужни дејности – најмногу ресторани и други објекти за послужување храна, трговија на мало, итн. Анализиравме што значи да се влезе во следниве пет типови мал бизнис: пекара-бурекчилница, бутик, трговија на мало – колонијал, месарница и трговија со обувки.

 

Ако се анализира во кои бизнис дејности најмногу се отвориле фирми во изминатите пет години во Македонија, на прво место се ресторани и други објекти за послужување на храна – во овој период се отвориле 2.917 компании или 7% од вкупно отворените фирми во земјата. Втора дејност која е најатрактивна за отворање на фирми се невладини организации и други организации на база на зачленување, каде за период од пет години се отвориле 2.484 фирми или 6% од вкупно отворените фирми. Трговијата на мало во продавници или отворањето на мини – маркети е трета дејност во која во изминатите пет години се отвориле 1.883 фирми или 4% од вкупно отворените нови фирми. Потоа следат фризерски салони и салони за разубавување, помошни деловни услуги, трговија на мало со облека, подготовка и послужување на пијалаци, товарен патен транспорт, такси служби и изградба на згради. Ова го покажува анализата на податоците за отворени и затворени фирми во изминативе пет години кои специјално за оваа анализа на магазинот Капитал ги обезбеди и обработи фирмата Таргет груп.

Во сите овие дејности се основани над 25% од вкупниот број на новите компании во Македонија во изминатите пет години. Дополнително во првите 15 најактуелни дејности за почнување на бизнис, кои претставуваат над 45% од новите компании, нема ни една дејност на производство.

Штом се најпопуларни услужните дејности за основање, веројатно луѓето мислат дека и најлесно е да се води драгсторче, млечен ресторан или фотокопирница, односно почетните инвестиции се помали, а веројатно и ризикот помал, исто како и периодот на поврат на вложените пари.

Разговаравме со луѓе, сопственици на мали бизниси од услужниот сектор, кои што успеале да ја преживеат првата критична година на пазарот, период во кој што  според некои статистики, дури 80-90% од новите бизниси пропаѓаат. Некои од нашите соговорници се присутни и повеќе од десетина години во бизнисот, успевајќи  да развијат компании што веќе влегуваат и во рангот на средни бизниси, па информациите од нив околу почетниот капитал, обртните средства, периодот на поврат на инвестицијата и сите останати параметри поврзани со функционирањето на компаниите сметаме дека се најрелевантни.

Слушај паталец, не гаталец!

Прва цел на посета ни беше една бурекчилница во строгиот центар на Скопје. Средновечниот газда кој цел живот се занимава со истата професија и како вработен и како сопственик уште веднаш ни стави до знаење дека и ваков, на прв поглед едноставен мал бизнис не е “гола вода“ како што повеќето од нас си мислиме.

“Овој дуќан го имам отворено пред десет години. Во него имам инвестирано минимум 30.000 евра. Значи тоа се дополнителни инвестиции во опремување бидејќи за дуќанот плаќам кирија. Можеби оваа вложена сума ви звучи чудно но само двете маси за месење бурек според Хасап стандарди  чинат 3.000 евра. Една печка за бурек  е 1.200 евра, а за пецива е 12. 000 евра“

Според истиот човек потребни се големи обртни средства и за да може да функционира и најмал бизнис.

„Потребни се пари за суровина, но многу повеќе за плата на вработените. Во мојава професија конкретно мораш да имаш мајстори за месење и печење. Таков човек не доаѓа на работа за плата помала од 500 евра. Значи јас имам две смени минимум 1.000 евра месечно плаќам за луѓето без кои не можам да работам. Дополнително мајсторите секако дека не работат други работи. Значи покрај нив плаќам уште тројца или четворица во смена“.

На крај домаќинот ни кажа и дека никогаш повторно не би го почнувал истиот бизнис бидејќи после цели десет години деноноќна работа с$ уште ги нема вратено средствата кои ги вложил.

Според банкарите, бурекчилница би требало да ја поврати почетната  инвестиција за период од 5-6 години. Толку покажува просекот што го извадивме од податоците што ги добивме од Шпаркасе банка, односно од нивниот сектор за кредитирање мали и средни бизниси. Банкарите обично во своите анализи за тоа дали вреди финансиски да поддржат некоја компанија или не, до детали ги имаат разработено клучните параметри поврзани со работењето на различни типови мали бизниси (основни и обртни средства, периодите на обрт на побарувањата, на обврските, на залихите, нето маржата, бизнис потребите и проблемите, итн.). Конкретно, за потребите на оваа анализа, ни ги доставија податоците за малите бизниси од типот на пекара-бурекчилница, бутик, трговија на мало – колонијал, месарница и трговија со обувки.

tabelaНајниска маржа кај колонијалите, највисока во бутиците

Од нив се гледа дека најбрз поврат на вложените пари  може да очекувате ако отворите бутик, колонијалче или продавница за обувки, каде што просечниот период на поврат на почетната инвестиција е три години, додека најтрпеливи треба да бидете во месарскиот бизнис, каде што по дури 8-10 години почнуваат да се исплаќаат парите што сте ги вложиле. Тоа и не е чудно ако се знае просечната стапка на поврат на инвестицијата, ROI (return on investment), која изнесува најниски 3,5% кај месарниците, 8% кај пекарите / бурекчилниците и по 16% за останатите три бизниси.

Нето маржата, пак, е најниска кај трговијата на мало – колонијал, и изнесува 8%, а најголема е кај бутиците за облека, 26%.

Што се однесува на основните потреби на бизнисот и проблемите што може да излезат пред сопствениците/менаџерите, според анализите на банкарите наједноставно изгледа дека е за малите колонијали, затоа што таму основните средства во најголем дел се состојат од превозно средство, а во поретки случаи и сопствен дуќан, додека најзначајно место во секојдневното работење има залихата на производи. Но, затоа пак, во овој бизнис како предизвик се истакнуваат многу ниските маржи и конкуренцијата од големите маркети.

Во поглед на основните средства, најтешко им е најверојатно на бурекчилниците и месарниците, затоа што за нив треба да се набави доста опрема (миксери за тесто, фрижидери, витрини, фурни, работни ростфрај маси, итн., кај бурекчилниците, како и разладни уреди, фрижидери, витрини, апарати за мелење и сецкање на месо, возила со разладни комори кај месарниците). Кај овие бизниси потребно е вложување во опрема и зголемување на капацитетот на производство и асортиманот, но и потребата за сопствен деловен објект и опрема кај месарниците.

Во поглед на набавките, најкомплицирано  им е по сè изгледа на сопствениците на бутиците, затоа што тука се вклучени и набавки од странство, претежно во готово, а поретко на одложено плаќање. Кириите за атрактивните локации се високи, а треба да се инсталираат и POSтерминали за плаќање со картичка, што не е неопходно кај бурекчилниците и месарниците, на пример.

Многу поевтино е да се почне трговија одошто производство

Уште во почетокот на 90-те, кога “сè живо и диво“ почна да тера бизнис, наједноставно изгледаше да се почне трговија. Подоцна, некои од  малите трговски фирми кои што уво меѓувреме спеаја да станат средни, а некои и големи бизниси, ја проширија својата дејност и во секторот производство. Таква компанија е да речеме, Макпрогрес од Виница, која што трговијата подоцна ја замени со погон за кондиторски производи, за денес да е еден од најголемите македонски извозници во овој сектор. Или пак трговската фирма Рудине која се прошири во производство на храна, односно млечни производи. Има и примери на производни компании кои што почнале буквално во гаража, како мали работилници, предводени од поранешни вработени на фирмите кои што пропаднаа во транзицијата, или пак излегоа од нив пробувајќи си ја среќата во приватниот бизнис,  а денеска се големи играчи во своите индустрии. Такви компании обично се во производството на делови за машини и апарати, процесна опрема, мебел, итн. Бизнисмените и консултантите што ги контактиравме, велат дека во принцип, многу е потешко да се стартува некакво производство одошто трговија и сл., затоа што  и наједноставните машини во просек чинат многукратно повеќе одошто полиците за едно колонијалче, или пак фотокопир машина.

„Во моментов ако сакате да направите млекара со сите законски стандарди и нишани, да обезбедите, кадар, обртни средства, минимален маркетинг и слично, потребни ви се 700.000 – 800.000 евра, ако нешто во меѓувреме не излезе па да биде и повеќе“, вели Ангел Николов, од велешката млекарница Милком.

Според него, ретко кој од бизнисмените во Македонија знае колку вкупно вложил во сопствениот бизнис и колку од тоа е вратено, бидејќи сите се насочени или на постојана борба за преживување или евентуално на некакви доинвестирања кои се случувале во подобрите времиња.

„До 2007-2008 година иако имавме само два или три производи, а и конкурентноста беше поголема, имавме пари за да си ја држиме ликвидноста, и да инвестираме во нови објекти кои ни беа потребни за имплементација и задоволување на новите стандарди. Вишок средства не ни остануваа бидејќи ги инвестиравме но барем можевме до 15 ти во месецот ги извршувавме сите наши обврски. Сега поради проблемите со наплатата кои ги имаме тешко го правиме и едното и другото“


Колку чини да се основа  фирма?

Процедурите за основање на фирма во Македонија се значително скратени во однос на времето од пред 15-20 години, велат сметководителите и даночните советници.

За формирање на фирма со назив Д.О.О потребен е влог од 5.000 евра. Тоа се или парични средства или движен и недвижен имот. Законот нуди можност тие средства да не се платат веднаш туку да се вложат во компанијата во првата година од работењето,  но во секој случај треба да се поседуваат. Понатаму секоја година се плаќа фирмарина на општината која изнесува  седум или осум илјади денари. Секој месец се плаќа и радиодифузна такса од 160 денари.“

Трошоците за сметководствени услуги се варијабилни во зависност од дејноста на компанијата. Значи тука големината не секогаш игра улога. Може да има компанија со три милионски фактури во годината, а може и да има колонијал со илјадници мали фактури што за сметководителите значи многу работа. Во просек сметководствени услуги за една мала фирма би требало да чинат околу 300 евра годишно. Минимум е 1.500 денари месечно.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×