Во Минхен почнува Безбедносната конференција – темите се Сирија, бегалската криза, европската безбедност
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во Минхен денеска почнува тридневната Безбедносна конференција на која учествуваат околу 600 официјални претставници на држави од целиот свет. Најавено е присуство на околу 30 шефови на држави или на влади, и на седумдесетина министри за надворешни работи или за одбрана. Конференцијата ќе се одржи под засилени безбедносни мерки во минхенскиот хотел Bayerischer Hof. Војната во Сирија, европскиот одговор на бегалската криза и иднината на безбедносниот поредок во Европа, се темите што ќе доминираат во Минхен.

„Денешните војни и кризи се поопасни и потешки од сите оние со кои се соочивме по Втората светска војна. Поради тоа од исклучителна важност е влијателните политичари собрани во Минхен да разговаат и за идеите за прекин на војните и за зајакнување на меѓународниот поредок“, изјави претседавачот на Конференцијата, германскиот дипломат Волфганг Ишингер.

Учесници на конференцијата се и јорданскиот крал Абдула Втори, претседателите на Полска и на Украина, Анджеј Дуда и Петро Порошенко, премиерите на Русија, на Франција и на Ирак, Дмитриј Медведев, Мануел Валс и Хајдер ал-Абади, американскиот државен секретар Џон Кери и министрите за надворешни работи на Русија и на Франција, Сергеј Лавров и Лорен Фабиус.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×