Во моментов лабавата монетарна политика е најјаката сила на пазарите со која не е мудро да се претера
Објавено на од во МАГАЗИН

Person analyzing financial dashboard with KPI and business district backgroundПазари на капитал

На сите негативни ефекти се спротивставуваат централните банки кои продолжуваат со многу опуштена монетарна политика која ги поддржува обврзниците и берзите што носи со себе растечки аномалии. Засега опуштената монетарна политика е најјаката сила на пазарите со која не е мудро да се претера. Оптимизмот околу вакцината расте како што првите прелиминарни податоци за ефектите излегуваат на виделина и пазарот реагира многу позитивно на сите овие објави.“, велат аналитичарите на Генерали Инвестментс за актуелната состојба на светските пазари на капитал.

 

Портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс и оваа недела со свое видување на глобалните случувања на пазарите на капитал.
Пандемијата продолжува рапидно да се шири во речиси сите земји надвор од Европа. На глобално ниво бројот на заразени од ден на ден поставува нови рекорди иако растот почна малку да забавува. Смртноста сега е помала отколку во март и април, а причините можат да се најдат во фактот дека во просек сега се заразува помладата генерација и дека се знае болеста подобро и се третира поуспешно. Затоа мерките што ги преземаат државите не се толку ригорозни како што беа изминатите месеци, но сепак земјите преземаат мерки со кои се враќаат одредени ограничувањата како и ограничени форми на карантин.
Последиците од пандемијата за економската активност се значителни и веројатно не се вклучени во прогнозите за втората половина на 2020 и 2021 година, но сè уште не постои претеран песимизам кај аналитичарите. Економските податоци што доаѓаат во последните неколку недели сугерираат закрепнување и се подобри од предвидувањата на економските аналитичари. Тие навистина ги намалија очекувањата за време на најлошата паника во пролетта така што сите економски показатели се значително пониски отколку во истиот период лани. Дури и меѓународните односи не укажуваат на чекор напред.
Оптимизмот околу вакцината расте
Иако Европа изненадувачки продолжува да изгледа релативно кохерентна за поддршка на својата економија со тоа што одобри нов стимулативен пакет од 750 милијарди евра (грантови од 390 милијарди евра и евтини заеми од 360 милијарди евра) сепак постои голема компликација околу договорот за „Брегзит“, односите меѓу САД и Кина се влошуваат иако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека не сака брза ескалација на трговската војна во овој момент.
„На сите негативни ефекти се спротивставуваат централните банки кои продолжуваат со многу опуштена монетарна политика која ги поддржува обврзниците и берзите што носи со себе растечки аномалии. Засега опуштената монетарна политика е најјаката сила на пазарите со кои не е мудро да се претера. Оптимизмот околу вакцината расте како што првите прелиминарни податоци за ефектите излегуваат на виделина и пазарот реагира многу позитивно на сите овие објави.“, велат од Генерали.
Опуштената монетарна политика продолжува да биде движечка сила на пазарите и главниот индекс на акции на САД S&P конечно влезе во позитивна територија за 2020 година. Технолошките акции продолжуваат да растат силно и акциите на FAANG (Facebook, Apple, Amazon, Netflix и Google) поставија нови рекорди, иако се чини дека достигнале нивоа за кои ќе бидат потребни многу добри вести за да се движат повисоко.
На берзите преовладува психолошкиот одговор
Евалуациите се екстремно високи, но инвеститорите во моментов не се премногу заинтересирани за тоа. По нив следат некои други многу популарни технолошки акции, особено кај малите инвеститори, чии што процени се уште повисоки, но очигледно ликвидната сила што ја носат централните банки во моментов е далеку најјаката сила на пазарот на капитал.
„Алчноста целосно го замени стравот за само неколку месеци. Сезоната за објавување на податоци за првиот квартал е во полн ек и работењето во првиот квартал е подобро од остро намалените пролетни прогнози. Инвеститорите реагираат позитивно на ова особено во Европа, каде што очекувањата многу нагло се намалија. Оваа реакција покажува дека психолошкиот одговор во моментот преовладува на берзата, додека самите вреднувања и неизвесната глобална макроекономска и политичка состојба не се многу во фокусот.“, коментираат аналитичарите од Генерали.
Минатата недела се забележаа кратка корекција на акциите на технолошките компании, додека пак акциите од компаниите од здравствениот сектор и компаниите кои прикажаа добри резултати повторно дојдоа до израз. Кинеската берза претрпе корекција, но компанијата Алибаба најави големо ИПО во висина од 200 милијарди американски долари на финансискиот дел и двојна котација во Хонг Конг и Шангај. На глобално ниво пазарот сè уште е фокусиран на технолошки акции и акции кои се победници во услови на пандемија. Станува збор за главно за е-трговија, за сè што е поврзано со интернет, здравствена заштита, вакцини и зелена односно еколошка енергија.

 


Фото рамкаСовети за инвеститорите

Да не се претерува со изложеност кон акции од технолошкиот сектор

Советуваме за поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор. Инвеститорите кои се изложени кон технолошкиот сектор над просекот, треба да размислат за повлекување на дел од профитот и реструктурирање на портфолиото. Пазарите остануваат непредвидливи и очекуваме да расте нестабилноста. Диверзификација на портфолиото е неопходен чекор за намалување на ризикот.“, велат аналитичарите од Генерали. 
Аналитичарите на Генерали се придржуваат до веќе презентираните препораки. Одредени индустрии и акции се доста скапи, но со слично скапи обврзници и негативни банкарски инструменти инвеститорите немаат вистинска алтернатива, па затоа не е време за екстреми во портфолијата. Не се препорачува целокупното портфолио да го имате во акции, во обврзници или пари.
„Ликвидносната поддршка како за обврзниците така и за акциите продолжува и ги принудува цените да растат. Овој тренд може да продолжи. И покрај добрите податоци ситуацијата на светската економија е сè уште релативно слаба и иднината е нејасна, а политичката неизвесност расте, особено пред изборите во САД. Затоа е неопходен избалансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро се снаоѓаат во оваа криза и каде вреднувањето не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, потрошувачка и нега, додека делови од технолошката индустрија остануваат скапи“, велат од Генерали.

Оттаму советуваат за поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор. Инвеститорите кои се изложени кон технолошкиот сектор над просекот, треба да размислат за повлекување на дел од профитот и реструктурирање на портфолиото. Пазарите остануваат непредвидливи и очекуваме да расте нестабилноста. Диверзификација на портфолиото е неопходен чекор за намалување на ризикот.

„Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би вложиле поголема сума, треба да ја распоредат во подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат како резултат на сегашниот оптимизам и дополнителните стимулативни мерки, но не се исклучуваат длабоки привремени корекции. Многу зависи од развојот на пандемијата и меѓународните односи, кои можат да доведат умерениот оптимизам на пазарите да прерасне во песимизам, што исто така ќе доведе до посилна корекција на берзите. Да не заборавиме дека дури и со првиот бран кога веќе беше повеќе од очигледно дека пандемијата е реална и дека ќе има силно влијание врз економијата, пазарите сè уште растеа во февруари. Трезвеноста дојде во март. Цените на некои акции пораснаа нагло во последните неколку месеци и добивките барем на хартија се големи па можната промена на трендот може да доведе до брза и длабока корекција.“, заклучуваат од Генерали.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×