Во нападот во Манчестер загинаа 22 луѓе
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во експлозија на концерт во Манчестер загинаа 22 луѓе меѓу кои и деца, а полицијата верува дека нападот го извело едно лице кое погинало во експлозијата, изјави полицискиот функционер Јан Хопкинс.

Итната помош соопшти дека 59 луѓе се повредени на синоќешниот концерт на американската пејачка Аријана Гранде.

Полицијата инцидентот го третира како терористички напад и верува дека го извело едно лице кое активирало импровизирана експлозивна направа.

Експлозијата се случила во 22.30 по локално време, при крајот на концертот.

Од Арената Манчестер соопштија дека експлозијата се случила пред салата, додека публиката си заминувала од концертот. Според зборовите на некои од очевидците, експлозијата одекнала во влезот/излезот веднаш по завршувањето на концертот.

Засега никој не ја преземал одговорноста за нападот, но приврзаници на Исламската држава на интернет го слават настанот.

Британската премиерка Тереза Меј најави состанок на владиниот одбор за вонредни состојби, а таа и другите кандидати времено ја суспендираа кампањата за парламентарните избори што треба да бидат одржани на 8 јуни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×