Во НАТО сериозна загриженост по предлозите за формирање косовска војска
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

НАТО е сериозно загрижено поради предлозите на косовските власти за формирање Армија на Република Косово, јави дописникот на МИА од Брисел.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека денеска разговарал со претседателот и со премиерот на Косово, Хашим Тачи и Иса Мустафа, за да им ја пренесе „сериозната загриженост“ на сојузниците на НАТО во врска со последните предлози од страна на косовските власти за трансформирање на Косовските безбедносни сили (КБС) во вооружени сили, без уставни измени.

„Јас јасно им предочив дека унилатерални чекори, како што се овие, не се од помош, и ги повикувам властите во Косово да останат во близок контакт со Белград“, истакна Столтенберг.

Како што рече генералниот секретар на Алијансата, во последните неколку години НАТО го поддржал развојот на Косовските безбедносни сили  како професионални мултиетнички сили.

Токму затоа, вели Столтенберг, структурата, мандатот и мисијата на косовските сили се прашање на локалните институции на Косово во согласност со нивните уставни надлежности.

„Сепак, со цел мандатот на КБС да се развива на одреден начин, НАТО ќе мора да го ревидира своето ниво на посветеност, особено во поглед на градењето на капацитетите. Јас ова го ставив на знаење за време на мојата посета на Косово во февруари и истото го повторив во моите телефонски разговори денеска со Тачи и Мустафа“, додаде Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО на крајот порача дека останува во близок контакт со неговите колеги од Европската унија за ова прашање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×