Во Негорски бањи ќе се гради модерен спа центар
Објавено на од во Економија
Негорските бањи се подготвуваат наскоро да го реализираат веќе изготвениот проект за изградба на модерен спа центар, потврдија од менаџментот на компанијата која деновиве проектот официјално го презентираше и во просториите на општина Гевгелија.
Banji
Вакви спа центри во општина Гевгелија постојат во хотел казината „Принцес“ и „Фламинго“ во тек е изградбата на спа центар и во хотел казиното „Аполонија“ во Гевгелија, но нема во Негорските бањи каде се наоѓаат и најголемите наоѓалишта на геотермална вода.
“Нашите два извора во Негорци и Смоквица располагаат со 280 литри геотермална вода во секунда и дополнителни 200 литри во секунда како резерва од кои топлинската енергија порано се користеше за затоплување на оранжериите на некогашниот ЗИК „Винојуг“, а сега се користат само во бањскиот дел и за затоплување на хотелските капацитети”, велат од менаџментот на Негорските бањи.
Бидејќи најголемиот дел од геотермалните води и топлинската енергија остануваат неискористени, од менаџментот на компанијата посочија дека одлучиле да ги следат светските искуства кои покажуваат дека токму спа туризмот претставува мошне профитабилна туристичка дејност во последните децении, поради што и тие одлучиле да се прилагодуваат на тој тренд.
-Модерните бањски капацитети во развиените европски земји повеќе не се приоритетно насочени кон барање клиентела за лекување на ревматски болести,туку на туристи за забава и рекреација на што наскоро ќе се приклучиме и ние, велат од Негорските бањи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×