Во ноември бројот на туристи зголемен за 12%
Објавено на од во Економија

Зголемен број на туристи и на ноќевања во ноември лани евидентира  Државниот завод за статистика.

free-skopje-walking-tours-02

Според денеска објавените податоци, бројот на туристи во ноември бил зголемен за 12%, а бројот на ноќевањата за 9,2 проценти во однос на истиот месец во 2017 година.

Податоците покажуваат дека во ноември бројот на туристи изнесувал 56.948, а бројот на ноќевањата 126. 373.

Бројот на домашни туристи е зголемен за 16 проценти, а бројот на странски туристи за 9,8 проценти. И кај ноќевањата, поголемо зголемување има кај ноќевањата на домашните туристи отколку кај ноќевањата на странските туристи.

Во периодот јануари − ноември лани во однос на истиот период 2017 година, бројот на туристи е зголемен за 13 проценти, а бројот на ноќевањата за 14,7 проценти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×