Во новата Програма за финансиска поддршка се воведуваат субвенции за „зелена нафта“
Објавено на од во Економија

Новитети во мерката наменета за малите земјоделски стопанства под 1 хектар, која има за цел да промовира повеќе развојните од социјално ориентираните мерки.

08022019_press_nikolovski_1

Во годинешната програма, презентирана од министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, за првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација, или „зелена нафта“. Вкупната поддршка изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.

„Корисници на оваа мерка се земјоделците што имаат поледелски, градинарски овошни култури и лозови насади. Бидејќи се работи за нова мерка, за почеток кофинансирањето ќе биде 30 отсто од трошоците, со можност понатаму и да се зголеми овој процент. Оваа мерка ќе придонесе во значително намалување на производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. На овој начин враќаме 200 милиони денари пари кај земјоделците“, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Субвенциите за земјоделците, како што истакна министерот на пресконференијата, кои имаат до 0,5 хектари земја изнесува 6.000 денари по хектар, додека 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци.  Во претходните години за оваа категорија на земјоделци се исплаќале околу 49 милиони денари.

Исто така, министерството годинава ја зголемува финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а за овоштарите кои имаат од 1 до 5 хектари поддршка расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар.

Во поледелството, министерството двојно ја зголемува поддршката за оризот за површини од 5 до 50 хектари со сертифициран семенски материјал. Од 6.000 на 18.000 денари по хектар се зголемува субвенцијата за земјоделците што не употребуваат сертифициран семенски материјал.

Министерот објави и дека финансиска поддршка ќе добијат производителите на сончоглед и тоа, 23.160 денари по хектар оние што имаат од 5 до 50 хектари и користат сертифициран семенски материјал. Субвенциите за сточарството се зголемуваат за литар произведено и предадено овчо и козјо млеко од 4 на 4,5 денари по литар, а за живинарството од 33 на 40 денари се зголемува субвенцијата за одгледани и заклани бројлери.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×