Во општините и институциите основани од нив работат над 50 илјади лица
Објавено на од во Економија

Akcija-za-cistenje-Butel-noemvri-2017-3Општините се гушат во превработеност

Од вкупниот број на јавни институции во Македонија кои на крајот на 2017 година изнесувале 1.299, како основачи на 775 или на речиси 60% се јавуваат општините и градот Скопје. Во овие институции кои се основани од општините на крајот на 2017 година работеле 45.652 лица. Па така излегува дека вкупниот број на вработени во општините и институциите кои тие ги основале заедно со вработените во општините надминува 50 илјади луѓе.
Ова е огромна армија на луѓе кои се на товар на оштинските буџети, кои се премали за да можат да ги намират сите обврски. Па така доаѓаме во ситуација во која општинските буџети служат само за исплата на плати на вработените, чиј број немилосрдно се зголемува, а нивните долгови од година во година продолжуваат да се зголемуваат.

Последниот Регистар за вработени во јавниот сектор на површина извади уште еден аспект на пребработеноста во општините и во јавните институции кои ги имаат основано локалните власти. Овој Регистар за прв пат дава преглед за тоа колку вработени има во секоја општина во Македонија, колкав е бројот на јавни институции кои ги има основано секоја општина, но и колку луѓе работат во овие општински јавни институции.

Имено, во Македонија која според последниот попис направен во 2002 година има околу 2 милиони жители, има дури 81 општина во која на крајот на 2017 година биле вработени 5.678 лица. Тоа е двојно повеќе во споредба со 2006 година, кога општинската администрација броела 2.955 лица.
Кај некои општини бројот на вработени во овие изминати 10 години е зголемен за повеќе од три или четири пати. Меѓу лидерите се Македонски Брод, Чаир, Старо Нагоричане, Охрид, Тетово, Струга, Неготино кои за изминативе десет години го зголемиле бројот на вработувања за над 200%.
Во општината Македонски Брод на крајот на 2006 година работеле 17 луѓе, а на крајот на 2017 година тој број се зголемил за 400% , на 85. Во општината Чаир пред десет години биле вработени 23 луѓе, а на крајот на 2017 година имало 88 вработени. Во општината Старо Нагоричане за десет години бројот на вработени е зголемен од 11 на 40. Од поголемите општини лидер е општината Охрид, каде во 2006 година општинската администрација броела 75 лица, а на крајот на 2017 година дури 260 лица, што е зголемување за скоро 3,5пати. Општината Охрид има најмногу вработени во општинска администрација од сите големи општини во Македонија со жители над 50.000 жители, односно дури 4,66 вработени на 1.000 жители.
Слична е ситуацијата и во Тетово, каде во 2006година имало 102 вработени, а во 2017 годинаво општината работеледури 337 лица, што е зголемување на бројот на вработените во изминатите 10 години од 3,3 пати. Следна е Кисела Вода, каде во изминативе 10 години бројот на вработени е зголемен исто така тројно, од 48 лица во 2006 година на 144 лица во 2017 година.

Вработени во општини finalНо, тоа не е се. Од вкупниот број на јавни институции во Македонија кои на крајот на 2017 година изнесувале 1.299, како основачи на 775 или на речиси 60% се јавуваат општините и градот Скопје. Во овие институции кои се основани од општините на крајот на 2017 година работеле 45.652 лица. Па така излегува дека вкупниот број на вработени во општините и институциите кои тие ги основале надминува 50 илјади луѓе.

Ова е огромна армија на луѓе кои земаат плата од оштинските буџети, кои се премали за да можат да ги намират сите обврски. Заради тоа многу општини се затрупани во долгови и со блокирани сметки, но благодарение на судовите никој кон побарува пари од општините не може да се наплати бидејќи законот одредува дека прво мора да се обезбедат пари за плати, а тоа што ќе остане може да се користи за исплата на други обврски. Па така доаѓаме во ситуација во која општинските буџети служат само за исплата на плати на вработените, чиј број немилосрдно се зголемува, а нивните долгови од година во година продолжуваат да се зголемуваат.
За разлика од Македонија, многу други земји во регионов во изминативе неколку години воведоа законски максимум колку луѓе можат да работат во општинските администрации во споредба со бројот на жители кои живеат во општините.
Според овие критериуми, некои општини во Македонија се соочуваат со огромна превработеност.
Но, засега никој не го става тоа прашање на дневен ред. Напротив, новата влада предводена од СДСМ најави дека државата ќе земе кредит од 250 милиони евра за да можат да се отплатат долговите на општините и тие да можат да се одблокираат.

Ohrid-opstina2

Вработените во општина Охрид за изминатите 10 години се зголемени од 75 на 260, или за 246%. Охрид се јавува како основач на 22 јавни институции во кои се вработени 1.433 лица. Општината Охрид која е најзадолжена општина во Македонија има блокирана сметка и вкупни долгови од над 11 милиони евра.

Кои општини најмногу вработуваат?

Општините и Градот Скопје се јавуваат како основачи на најголем број институции во јавниот сектор. Имено, од вкупно 1,299 институција на јавниот сектор, 775 се основани од општините и Градот Скопје, што претставува 59.66%. Град Скопје има основано 39 јавни институции, општина Куманово е основач на 35 јавни институции, општина Битола има основано 29 јавни институции, општина Тетово има основано 27 институции, општина Прилеп е основач на 24 јавни институции, Охрид е основач на 22 јавни институции, Гостивар на 21 јавна институција, општина Струмица на 20…
Од вкупниот број на 129 јавни претпријатија, 114 се основани од страна на Градот Скопје и општините.

Најголеми вработувачи се големите општини кои имаат над 50.000 жители. Заедно со градот Скопје има 11 такви големи општини, кои се јавуваат како основачи на 259 јавни институции и во кои се вработени 26.981. Освен град Скопје, тука влегуваат Куманово, Битола, Тетово, Гостивар, Прилеп, Струга, Кичево, Охрид, Велес и Струмица.

Само во град Скопје заедно локалната администрација и вработените во јавните институции кои ги основал градот Скопје работат, дури 7.618 лица. Ова се само официјално вработените лица, а ако на тоа се додадат и привремено вработените тој број сигурно е поголем.
Но, и со волку вработени излегува дека град Скопје има најмалку вработени односно 1,27 вработени на 1.000 жители. Рекордер кај големите општини е Охрид, кој има 4,66 вработени на 1000 жители.
Според бројот на вработените во општинската администрација рекордер е општина Македонски брод каде има 11,9 вработени на секои 1.000 жители. Следуваат општина Старо Нагоричане со 8,26 вработени на 1.000 жители, општина Новаци со 7,39 вработени во општинската администрација на 1.000 жители, општина Ранковце со 7,24 вработени на 1.000 жители, општина Ресен и Градско со 5,59 општински административци на 1.000 жители, општина Вевчани со 5,34 вработени административци на 1.000 жители, општина Сопшите со 5,30 вработени на 1.000 жители…

Ако се анализира пак според бројот на вкупно вработени во општинската администрација и институциите кои ги основале општините лидер е Тетово со 30,88 вкупно вработени на 1.000 жители, Охрид со 30,37 вработени на 1.000 жители Струга со 30,12 вработени на 1.000 жители, општина Штип со 29,35 вкупно вработени на 1.000 жители, а од помалите општини лидери се Македонски брод со 39,49 вкупно вработени на 1.000 жители и општина Ресен со 34,95 вработени на 1.000 жители.
Интересно е што општина Арачиново е една од ретките во која бројот на вработени во општината денес изнесува 8, исто колку што бил и пред 10 години.

Tetovo

Бројот на вработени во општина Тетово за десет години е зголемен од 102 на 337, или за 230%. Општина Тетово е основач на 27 јавни институции во кои се вработени уште 2.337 лица.Тетово е втора најзадолжена општина со долгови од над 8 милиони евра.

Во 10 скопски општини вкупно 7.379 вработени

Во рамки на градот Скопје постојат 10 посебни општини, во кои има вработени 881 лице во општинската администрација. Но, ако се земе во предвид дека тие се основачи на други 95 јавни институции во кои работат 6.498 лица, тогаш вкупниот број на вработени достигнува 7.379 лица.

Општина Карпош е општина со најмногу вработени дури 173, додека најмалку вработени општински административци има во Општина Шуто Оризари, само 18 лица. Во однос на вкупниот број вработени во администрацијата на локалната самоуправа и во институциите чиј основач е општината најголем број вработени има Општина Гази Баба со 1,018 лица, а најмал е бројот на вработени во Општина Шуто Оризари со 314 лица.
Во однос на бројот на вработени на 1,000 жители, Општина Карпош има најмногу вработени во општинската администрација и тоа 2.90 на 1,000 жители, додека најмалку се во Општина Шуто Оризари која има 0.82 вработени на 1,000 жители.
Ако се анализираат вкупниот број на вработени, најмногу вкупно вработени во администрацијата на локалната самоуправа и во институциите чиј основач е општината на 1,000 жители има Општина Центар и тоа 17.44, а најмалку се во Општина Ѓорче Петров – 10.86 вработени на 1,000 жители.


Владата ќе земе кредит од 250 милиони евра за да се враќаат долговите на општините

Владата ќе се задолжи со 250 милиони евра за да им даде кредит на општините кои се заглавени во долгови. Ова неодамна го потврди и премиерот Зоран Заев во обид да се најде решение за проблемот со долговите, заради кој над 20 општини се со блокирани сметки.

Најновиот извештај на Државниот завод за ревизија насловен “Преземање обврски и финансиската нестабилност кај единиците на локална самоуправа” покажа дека вкупните неизмирени обврски на општините во Македонија кон добавувачите на крајот на 2016 година достигнуваат 82 милиони евра. За период од пет години обврските кои општините ги немаат измирено кон добавувачите се зголемиле за околу 50% во споредба со 2012 година, кога тие изнесувале 55 милиони евра.
Вкупните обврски кон добавувачи опфаќаат 35% од вкупните приходи кои ги реализираат општините, а некои општини имаат натрупано неизмирeни обврски кои достигнуваат дури 80% од приходите кои општините ги реализираат во буџетите.

Но, овој долг на општините би можел да биде уште поголем и да  надмине и 120 милиони евра, ако на тоа се додадат обврските по основ на судски решенија и по основ на камати.
Ревизорите во Извештајот посочуваат дека многу општини не го почитуваат Законот за финансиска дисциплина и не ги почитуваат роковите за плаќање кон приватните компании, понатаму дека многу компании не можат да си ги наплатата од нив побарувањата, дека општините кои се со блокирани продолжуваат да трупаат долгови…


Кои се најзадолжени општини во Македонија?

Според податоците од Министерството за финансии, општина со најголема задолженост во Македонија е Охрид. Градот Охрид  заклучно со мај 2017 година имал долг од 11 милиони евра. Ако се споредат со вкупниот буџет, односно со завршната сметка на буџетот за 2016 година обврските на општина Охрид достигнуваат дури 78%

Втора најзадолжена е општина Тетово со вкупно неплатени обврски од 8,11 милиони евра. Трета е општина Карпош која има неплатени обврски од
7,7 милиони евра, а четврта е Струга која на крајот на мај изминатата 2017 година имала 3,58 милиони евра. Општина Чаир е петта најзадолжена општина и има неплатени обврски од 2,3 милиони евра, а шеста е Куманово со 2 милиони евра неплатени обврски.
Од вкупно 80 општини колку што има Македонија, 22 општини имаат долгови поголеми од 1 милион евра. Само три општини Валандово, Ѓорче Петров и Дебарца немаат никакви долгови и неисплатени обврски.
Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека 20-те најзадолжени општини имаат вкупни неплатени обврски од 57 милиони евра, што е 70% од вкупниот долг на општините кои на крајот на 2016 година изнесуваше 82 милиони евра.
Но, ако сумите што ги должат општините се стават во контекст со нивните буџети тогаш задолженоста добива уште пострашни димензии. Имено, кај некои општини задолженоста надминува 80% од нивните буџети, што ги прави финансиски нестабилни и потенцијално опасни да функционираат во правниот промет, бидејќи повеќе од јасно е дека тие немаат никаков капацитет да ги исплатат старите, ниту, пак, новите обврски. Оттука, логично е дека нивните долгови да продолжат да растат и во иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×