Во отсуство на неколку светски лидери почнa економскиот форум во Давос
Објавено на од во Економија

Од денеска па  до петок 25 јануари во Давос, Швајцарија, ќе се одржува Светскиот економски форум.

davos wef

На овогодишниот форум се проценува дека ќе учествуваат околу 3 000 бизнисмени, политички лидери, претставници на организации. Главната тема на форумот оваа година е „Глобализација 4.0: Создавање нова архитектура во ерата на четвртата индустриска револуција“.

Организаторите посочија дека 65 шефови на држави и влади, и околу 40 лидери на меѓународни организации, меѓу кои и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе бидат дел од форумот, додека претседателот на Светскиот економски форум изјави дека околу 37 шефови на држави и владите се од Европа и Евроазија.

На форумот учество ќе земат и голем број раководители на компании и претставници на граѓанското општество, додека од Групата на седум индустриски најразвиени земји (Г-7) дел од форумот во Давос ќе бидат јапонскиот премиер, Шинзо Абе, германската канцеларка, Ангела Меркел, и италијанскиот премиер, Џузепе Конте.

Учеството со сигурност го откажаа американскиот претстедател, Доналд Трамп, британската премиерка, Тереза Меј, и францускиот претседател, Емануел Макрон. Доаѓањето на рускиот претседател, Владимир Путин, сè уште е под знак прашалник.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неодамна, во одговор на новинарско прашање дали Путин ќе се појави во Давос, рече дека „ниту една опција не е исклучена, но дека одлуката сè уште не е донесена“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×