Во платежните услуги повеќе ништо  нема да биде исто!
Објавено на од во Банки и бизнис

Konferencija 1Банкарите и регулаторите ја нацртаа мапата на дигиталната иднина

Банките нема да бидат повеќе единствени провајдери на платежни услуги, туку тоа ќе може да го прават и трети страни, односно компании од т. н. fintech сектор, технолошки компании, односно социјални мрежи како Facebook, Google, итн., и сите останати играчи на пазарот заинтересирани за дел од колачот во бизнисот со платежни услуги.Ова се промените што ги носат новите европски регулативи во доменот на плаќањата, а коишто Македонија треба да ги инкорпорира во сопственото законодавство. За ова, меѓу останатите теми, се дискутираше најмногу на 10-та јубилејна Конференција за платни системи и инфраструктура што НБРМ традиционално ја организираше во Охрид од 5 до 7 јули.

Банкарска сметка и смартфон наскоро ќе биде се’ што ви треба за да платите сметка, или пак производ или услуга што сте ги купиле онлајн, да префрлите некому пари и сл., според новите регулативи што во ЕУ почнуваат да важат од 2018 година, а Македонија подготвува закон што треба сферата на плаќањата да ја прилагоди со европската пракса.

Исто така, според новата PSD2 европска регулатива, банките нема да бидат повеќе единствени провајдери на платежни услуги, туку тоа ќе може да го прават и трети страни, односно компании од т. н. fintech сектор, технолошки компании, односно социјални мрежи како Facebook, Google, итн., и сите останати играчи на пазарот заинтересирани за дел од колачот во бизнисот со платежни услуги. Овие новитети, меѓу другото, беа промовирани на 10-та Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура што неодамна се одржа во Охрид во организација на Народната банка на Македонија.

На Конференцијата истакнаа дека во сферата на плаќањата ќе се поместат силите на пазарот, банките ќе мора да одговорат на новите предизвици и новата конкуренција, а исто така и картичните гиганти како Visa и Mastercard, ќе загубат дел од профитот затоа што во некои домени на платежните трансакции ќе бидат практично заобиколени.

„Сите овие промени ги правиме за да ја зголемиме конкуренцијата и иновативноста во финансискиот сектор, се’ со крајна цел поквалитетни и поевтини услуги за корисниците”, рече Ралф Јакоб од Европската комисија, еден од говорниците на Конференцијата.

„Секако, сите овие промени не одат без контроверзии и тешкотии, затоа што банките ќе треба со новите играчи на пазарот да ги споделат информациите за банкарските сметки на своите клиенти и да отворат простор за конкуренција, што отвора предизвици, не само од аспект на загрозување на нивната профитабилност, туку и безбедноста и други фактори. Затоа, овие промени допрва отвораат можности за развивачите на софтвери за безбедност, оперативни системи за мобилни уреди, итн. “, рече Јакоб.

17nМакедонија спрема регулатива за “пречек“ на новите трендови во финансиската индустрија

Сите дискусии, презентации и панели на јубилејната Конференција за платежни системи НБРМ која традиционално одржува со поддршка на Централната банка на Холандија и Банката на Португалија, се однесуваа на промените што ќе се случат на пазарот за платежни услуги, односно платните системи во  ЕУ, но Македонија и останатите земји што претендираат за членство во Унијата, помалку или повеќе ги прилагодуваат своите регулативи кон тоа што се случува на европскиот пазар. Па, така, гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, во своето излагање истакна дека и оваа институција постојано вложува во градење на своите капацитети и усогласување на работењето согласно со стандардите за централно банкарство на ЕУ.

“Фокусирајќи се на платните системи, презедовме значајни чекори во насока на усогласување на македонското законодавство со регулативата на ЕУ. Новиот Закон за платежни услуги и системи и поврзаните подзаконски акти кои се во подготовка ја имплементираат PSD и дел од одредбите од PSD2, Директивата за конечност на порамнувањата и Директивата за електронски пари II. НБРМ направи важен чекор кон усогласување со регулативата на ЕУ и во областа на надзорот со усвојување нова регулативна рамка којашто е во согласност со Принципите за инфраструктурата на финансиските пазари, како и ревидираната рамка за надзор на платните системи на ЕЦБ. Понатаму, се изврши приспособување на домашната платежна статистика во согласност со Регулативата на ЕЦБ, обезбедувајќи методолошка и оперативна усогласеност со платежната статистика на Европскиот систем на централни банки. Неодамна беше завршен уште еден капитален проект, со кој се изврши поврзување на домашниот платен систем со TARGET 2 преку Банката на Италија. Се очекува овој проект да придонесе за намалување на разликите во провизиите што се наплаќаат за прекуграничните плаќања во споредба со плаќањата во земјата, и е во согласност со препораките од Извештајот за напредок на ЕУ и Извештајот на ЕЦБ за анализа на потребите за НБРМ  од 2013 година.“, објасни Богов.

Овогодишната агенда на Конференцијата на НБРМ ги опфати иницијативите  за интеграција на плаќањата во ЕУ, позната како Единствена европска платежна област (SEPA); потоа, иновациите;безбедноста и ефикасноста на малите плаќања. Се дискутираше на  теми поврзани со инстант плаќањата, финансиската вклученост и достапноста на платежните услуги, отпорноста на финансиските инфраструктури и многу други. Не изостанаа и

и “најжешките“ теми во моментов – дигиталното банкарство, крипто валутите и нивната регулатива, новите технологии како што се технологијата на дистрибуирани записи (DLT) и криптографски синџир од блокови (blockchain) – како теми од значителна важност во моментот чиешто значење само ќе расте во иднина.

18nИ крипто валутите  на агендата

Појавата на fintech  (финансиската технологија) ги обележа глобалнитеслучувања во последниве години, привлекувајќи го вниманието на финансиските институции за нејзино спроведување со цел подобрување на сегашните финансиски производи и развој на нови производи. Од друга страна, компаниите коишто применуваат финтек почнаа да нудат свои финансиски услуги, со што станаа конкурентни на банките.

“Притоа, дигиталните технологии претставуваат предизвик за финансиските институции, вклучувајќи ги и централните банки, во смисла на дигиталното банкарство и дигиталните трансформации. Имплементацијата на технологијата на дистрибуирани записи (DLT), особено технологијата на криптографски синџир од блокови (Blockchain), може значајно да ги промени финансиските пазарни инфраструктури, а и светскиот финансиски систем“, истакна вицегувернерката на НБРМ, Маја Кадиевска – Војновиќ. Теоретски, оваа технологија би можела да ги олесни прекуграничните плаќања, да ја подобри ефикасноста на организациската единица за заднинско работење во врска со тргувањето (бек-офис), да ја отстрани потребата од усогласување на податоците, да го олесни финансиското вклучување и размената на информации, но и би можела да ја намали потребата од, или целосно да ги замени, некои од посредниците на финансискиот пазар.

“Технологијата на дистрибуирани записи ги потенцира прашањата за ефикасна регулација, прудентна супервизија, надзор и безбедноста во кибер просторот, но може и да го катализира издавањето на дигитални валути гарантирани од централните банки и да го олесни спроведувањето на монетарната политика.“, додаде Кадиевска – Војновиќ.


Изобилство на high profile говорници на 10-та Конференција на НБРМ

Меѓу учесниците и гувернерите на централните банки на Холандија, Бугарија и Хрватска, како и високи претставници на Европската централна банка, Европската комисија, неколку национални централни банки од ЕУ, бизнис секторот…

Организаторите од НБРМ годинава со изборот на гости -  говорници и учесници на панелите го потврдија и годинава  високото ниво на настанот, но 10-та јубилејна конференција како да отскокнуваше од сите досега според бројноста на high profile учесници – претставници на банкарскиот,бизнис и политичкиот сектор од Европа, регионов и Македонија. Па така, покрај врвното раководство на Народната банка на Македонија, во Охрид присуствуваа и гувернерите на централните банки на Холандија, Хрватска и Бугарија – господата Клас Кнот, Борис Вујчиќ и Димитар Радев, како и членот на Извршниот одбор на Европската централна банка, Ив Мерш. Со господата Кнот и Мерш на овие страници може да прочитате и ексклузивни интервјуа што ги дадоа за Капитал.

Од Банката на Португалија претставници со свои презентации беа членот на Извршниот одбор, Хелдер Росалино и шеф на еден од секторите, Руи Пиментел. Од Банката на Холандија претставник беше и Михаил ван Дуверен, којшто е своевиден домаќин во Охрид, учествувајќи во организацијата на конференцијата секоја година, како и Ричард Дерксен. На еден од панелите учествуваше и членот на Одборот на Народната банка на Белгија, Марсиа де Вахтер.

Мортен Бек од Банката за меѓународни порамнувања од Базел исто така одржа презентација, како и Ралф Јакоб од Директоратот за платежни системи при Европската комисија. Со свои излагања се претставија и Марион Клајс од германската Комерцбанк, Едвин  де Паув од Еуроклиар и Сузан Бишоприк од Global Sovereign Advisors.
На панел сесијата “Дигитално банкарство и развој на платежни продукти“ учествуваа менаџерите од Македонски телеком, Слободанка Јосифовиќ, од ПроКредит Банка Македонија, Емилија Спировска и од Стопанска банка Битола, Наташа Несторовска. Претставници пак, на НБРМ од ресорните оддели дискутираа за стандардите за надгледување и управување со непрекинатост во работењето.

 


Klas KnotЕксклузивно за Капитал:
Клас Кнот, гувернер на Централната банка на Холандија

Традиционалните платежни услуги  се менуваат, влегуваат нови играчи на пазарот

Банките се соочуваат со зголемена конкуренција од fintech и bigtech компаниите. Соработката помеѓу банките и новите оператори на пазарот може да биде предуслов за успех.

 

Под какво влијание ќе биде банкарската индустрија допрва од страна на финансиските иновации кои привлекуваат нови учесници на пазарот?

Поттикнати од воведувањето на втората Директива за платежни услуги – PSD2, традиционалната платежна инфраструктура се менува заради иновациите и влезот на новите оператори на пазарот.Банките се соочуваат со зголемена конкуренција од fintech и bigtech компаниите. Соработката и интеграцијата се исто така неопходни за успешни иновации. Сепак, исходот од овој динамичен процес с$ уште не е јасен. Соработката помеѓу банките и новите оператори на пазарот може да биде предуслов за успех.

Дали шемите за виртуелни валути придонесуваат за финансиското вклучување на населението, или ги изложуваат корисниците на високи безбедносни и финансиски ризици?

Зголемувањето на нивото на финансиска едукација и овозможувањето повеќе луѓе и фирми да добијат право на пристап до финансиски производи е важно за подобрување на финансиската вклученост. Паметните телефони би можеле да го поттикнат ова, додека пак во наредните години, финансиската вклученост ќе биде полесно да се стимулира преку традиционалните парични канали, наместо преку виртуелните валути. Виртуелните валути често не се регулирани (и не се опфатени од системот за гарантирање на депозити).

Како потрошувачите можат да бидат заштитени од сајбер-безбедносните ризици?

Од клучно значење е да им се помогне на потрошувачите и фирмите да го сфатат ризикот од сајбер – криминал. Банките мора да им обезбедат соодветни информации на своите клиенти. Повеќето банки и други платежни институции имаат воведено соодветни системи за следење и откривање коишто сигнализираат сајбер – криминал и финансиска кражба. Последен важен фактор е дека полициските и разузнавачките служби се способни да се борат против измама и сајбер – криминал, вклучително и со прекугранични активности.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×