Во пресрет на WEF 2015: Промашените прогнози на елитата од Давос
Објавено на од во Економија

Не ја предвидоа ниту светската финансиска криза, ниту нафтата под 50 долари, ниту ИСИС, а Грција ја извадија од еврозоната уште пред три години

И додека светската бизнис и политичка елита пополека се собира во на швајцарските Апли за годишниот Светски економски форум, историјата покажува дека “сезнајковците“ од Давос знаат многу да згрешат во своите прогнози, пишува Euractiv, европска медиумска платформа. На Светскиот економски форум (WEF) во елитното зимувалиште ќе се соберат преку 1.500 бизнис лидери и 40 шефови на влади кои што од 21 до 24 јануари ќе расправаат за крупни теми, од цената на нафтата до иднината на интернетот.

Разговорите ќе се водат во сенка на безбедносната политика по нападот во Париз, намерите на Европската централна банка за радикална програма на откуп на обврзници и големиот раст на вредноста на швајцарскиот франк. Свежиот планински воздух очигледно делува на растот на самодовербата во процените, но досегашните искуства покажуваат дека некои предвидувања од Давос биле сосема неточни.

Нуриел Рубини во 2012 рече дека Грција ќе излезе од еврозоната

Нуриел Рубини во 2012 рече дека Грција ќе излезе од еврозоната за една година

На пример, претседателот на јапонската централна банка, Харухико Курода минатата година изјави дека ситуацијата во неговата земја “од корен се променила“. Една година подоцна јапонската економија повторно се врати во рецесија. Никој од учесниците на Давос не помисли тогаш на анексијата на Крим, раѓањето на исламската држава или цената на нафтата од 50 долари. Темата криза во еврозоната и банкарскиот сектор исто така беше преполна со погрешни процени. Пред три години американскиот економист Нуриел Рубини, познат и  како “господин Пропаст“ затоа што ја предвиде кризата со хипотекарните кредити во САД, предвиде излегување на Грција од еврозоната во рок од една година. Тоа не се случи. За волја на вистината, ова ќе биде тема за расправа во Давос годинава, т.н. проблем “Grexit”.

Погодија за нафтата од шкрилци

Токму елитата од Давос пред седум години пропушти да ја забележи надоаѓачката пропаст на Lehman Brothers  и создавањето на сите предуслови за финансиска криза. Напротив, тогаш еден од говорниците, претседателот на Кувајтската агенција за инвестиции, Бадер Ал Саад, изјави дека распродажбата на американскиот финансиски пазар претставува “извонредна прилика за вложување“, што укажува и на високото ниво на самодоверба што владеело во тој период.

Екипата што се собира во Давос сепак успеала нешто и да погоди, како на пример, растот на пазарите во развој или големото влијание на нафтата од шкрилци на растот на американската економија. Исто така ги предвидоа идните глобални тензии околу пристапот до чиста вода или сајбер сигурноста. Овогодишната главна преокупација ќе бидат, според Извештајот за глобални ризици на WEF, меѓународните судири, иако и стравовите околу економијата се и тоа како се’ уште живи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×