Во Приштина полицијата на готовс – Парламентот избира претседател на Косово
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Засилени мерки на јавна безбедност презема косовската полиција денеска, кога во Приштина се очекува Парламентот да избира нов шеф на државата.

„Полицијата ги има потребните капацитети за да менаџира со состојбата. Исто така, имаме и флексибилни планови како да се реагира ако тоа биде потребно“, изјави портпаролот на полицијата Даут Хоџа.

За денеска е закажана седница на косовскиот Парламент на која треба да биде избран новиот, петти по ред претседател на Косово, за која функција најсериозен кандидат е лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и актуелен вицепремиер и шеф на дипломатијата Хашим Тачи.

Здружената опозиција најави масовни протести пред Парламентот и негово блокирање, како и протест на плоштадот во центарот на Приштина, каде уште од вторникот се поставени шатори на опозициски активисти.

Од друга страна, на истиот плоштад е најавен и собир на приврзаниците на Тачи, кои би требало да го прослават неговиот очекуван избор за претседател.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×