Во првиот круг СДСМ освои 37 градоначалнички места – ВМРО-ДПМНЕ три
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Четириесет и пет општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера, а во 35 ќе има втор круг на 29 октомври.

СДСМ во првиот круг освои 37 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ 3, ДУИ 2, група избирачи две и Демократската партија на Турците едно.

Во првиот круг избрани се градоначалници на Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Илинден, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крвогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Маврово – Ростуше, Неготино, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласница, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица, Центар, Центар Жупа, Чучер Сандево и Дебарца.

Втор круг ќе има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегоновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреваруваат во вториот круг во 19 општини, ДУИ и Алијансата за Албанците ќе се натпреваруваат во пет, ДУИ и БЕСА во седум, во една општина кандидат на група избирачи и на ВМРО-ДПМНЕ, во една ДУИ и СДСМ, во една СДСМ и Сојуз на Роми и во една ДПА и БЕСА.

Сѐ уште е неизвесно дали ќе биде избран градоначалник на Скопје во првиот изборен круг. Кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, по преброени 96,79% од гласовите води пред противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, со 50,27 наспроти 36,01% освоени гласови. Останува да се пребројат гласовите од уште 22 избирачки места по што ќе се знае дали Скопје ќе добие градоначалник во првиот круг или ќе има втор круг на 29 октомври.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×