Во Романија 77 онколози обвинети дека биле поткупени од фармацевтска компанија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Обвинителството на Романија подигнало обвиненија против 77 лекари поради сомневање дека фармацевтска компанија им платила пат до Индија, а за возврат барала онколозите да препорачуваат нејзини лекови за пациенти болни од рак.

Обвинителството наведува дека компанијата чие име не е наведено, им платила на онколозите учество на конгрес за рак на дојка во Бангалоре во Индија во март 2012 година. Наместо на конгресот, лекарите биле во Њу Делхи оддалечен повеќе од 2.000 км.

Дел од лекарите биле на тоа патување со своите семејства.

Фармацевтската компанија платила 520.000 евра од кои 417.000 биле мито, тврди Обвинителството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×