Во Романија пред изборите е уапсена претседателката на изборната комисија  
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателката на романската изборна комисија, Ана Марија Патру, е уапсена само три недели пред одржувањето на парламентарните избори во земјата, под сомнение за корупција.

Таа е осомничена дека во периодот 2008-2009 година платила за услуга 210.000 евра на компанија, која ја предводел нејзиниот сопруг.

Агенцијата за борба против корупција ја обвинила Патру и за поткуп од 50.000 евра, кои му ги земала на еден бизнисмен со цел да му договори средба со романскиот министер за економија.

Претседателот на Пратеничкиот дом во романскиот Парламент, Флорин Јордаке, истакна дека изборната комисија времено ќе биде раководена од еден од замениците на Патру.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×