Во сенката на Huawei, друг кинески производител успеа да „освои“ 80 пазари за 4 години
Објавено на од во Компании
Во сенка на Huawei, друга кинеска технолошка компанија успеа да доживее експанзија во последните неколку години што го заработи името „Кинескиот Apple“. Според некои критичари, дури и дизајнот на смартфоните Xiaomi е многу сличен на оној на iPhone.
xiaomi“Мислам дека Apple е одлична компанија. Тие вложуваат многу напор во технолошките иновации. Ние го правиме истото, но нашиот модел на раст е различен”, изјави заменик-претседателот Ксиан Ванг за CNBC. „Наша цел е да продаваме по најниска можна цена“, додава тој.
Xiaomi се стекна со голема популарност во создавањето паметни телефони, и брзо стана еден од лидерите во Кина и Индија. Резултатот е брза експанзија, мерена со влегување на 80 пазари во текот на четири години.
Кинеската компанија започна со работа во 2010 година, а прв пат излезе надвор од домашниот пазар пет години покасно, најпрво во Бразил. Во моментов, ги продава своите производи на над 80 пазари.
Како резултат на брзото проширување на бизнисот до денес, околу 40% од приходите на производителот доаѓаат надвор од Кина. Во исто време, Xiaomi тврди дека продал повеќе од 190 милиони уреди ширум светот.
Пред извесно време, менаџментот на компанијата објави дека го планираат следниот голем чекор – влегување во американскиот пазар. Тоа требаше да се случи во 2019 година, но тие планови се изјаловија кога се продлабочи трговскиот конфликт помеѓу САД и Кина.
„Мислам дека американскиот пазар е несомнено најважниот од сите“, вели Ванг на оваа тема. „Ние работиме на производ што би можеле да го лансираме во САД“, рече тој, додавајќи дека компанијата сè уште се соочува со многу предизвици во однос на пазарот број еден по потрошувачи во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×