Во Скопје откриени работилници за фалсификување лични карти – три лица се приведени
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во Скопје се откриени две тајни работилници каде биле изработувани фалсификувани лични карти, од аферата што ја откри новинарот Љубиша Арсиќ. Во случајот се приведени три лица, но, постојат индиции и за други инволвирани, како и за сторени други кривични дела, како што соопшти Основното јавно обвинителство.

„Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи во предметот за фалсификуваните лични карти, кои беа предадени од страна на новинарот на Фокус, Љубиша Арсиќ, на министерот за внатрешни работи, презеде низа мерки и активности за расветлување на настанот. Во вршење на истражни дејствија, во тек на вчерашниот ден, успешно е спроведена акција по наредба на јавен обвинител, во која е пронајдена тајната работилница каде е вршено фалсификувањето на документите. Станува збор за обемен материјал, опрема и апаратура која се користела за изработка на фалсификуваните лични карти и други документи. Пронајдениот материјал е одземен и е предмет на натамошна анализа и истражување. За овој настан се приведени три лица, но постојат индиции и за инволвирани други лица и за сторени други кривични дела“, се наведува во соопштението од ОЈО.

Обвинителството најави повеќе информации за следните денови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×