Во Скопје пристигна GLC Coupe, првиот Mercedes дизајниран од Македонец
Објавено на од во Автомобилизам
„Навистина сум среќен што ја добив шансата да дизајнирам автомобил за најстариот и најголемиот автомобилски бренд во светот Mercedes-Benz; но уште повеќе ме прави среќен што денес сум во Македонија, споделувајќи го успехот со вас“, изјави дизајнерот Славче Таневски на промоцијата. 
DSC_5614 (1024x680) (1024x680)

 

 

 

 

 

 

 

Мак Аутостар денеска го претстави новиот модел на Mercedes, GLC Coupe, дизајниран од Македонецот Славче Таневски. “Ова е огромен успех за талентираниот и успешен дизајнер на автомобили,  кој за само неколку години професионална кариера успева да добие шанса, самостојно да креира нов модел на престижниот бренд“, велат од МакАуто Стар, дилерот на програмата на Mercedes во Македонија.

Таневски, вработен во дизајн центарот на Mercedes – Benz во Штутгарт, беше присутен на промоцијата на GLC Coupe, возило што ги обединува стилските  елементи на купе и SUV, со импресивни карактеристики во однос на безбедноста, напредните помошни системи и исклучително спортскиот динамичен карактер, како што велат во МакАуто Стар.

„Навистина сум среќен што ја добив шансата да дизајнирам автомобил за најстариот и најголемиот автомобилски бренд во светот Mercedes-Benz; но уште повеќе ме прави среќен што денес сум во Македонија, споделувајќи го успехот со вас“, изјави Таневски на промоцијата.

Исполнет дизајнерски сон

Дизајнерот Таневски, од Скопје заминува на студии во Германија, на Универзитетот за применети науки во Минхен, изучувајќи транспортен дизајн. Учествува на неколку конкурси за дизајн на автомобили, за потоа неговиот талент да биде забележен од страна на Mercedes-Benz добивајќи ја нивната поддршка прво во изработка на дипломската работа, а потоа во 2011-та година да добие и понуда за работа.

За кусо време, односно по само три години работа во Mercedes-Benz, на Таневски му се оставрува и најголемиот сон, самостојно да изработи дизајн на нов модел, односно на GLC Coupe, што е привилегија само на помал број дизајнери во светот.

„Би сакал да ги поттикнам сите луѓе воопшто, независно од годините или занимањето, да бидат исклучително упорни на патот до успехот, но и да знаат да поднесат пораз, да бидат вистински професионалци, а успехот само тогаш е неизбежен, изјави младиот дизајнер од Mercedes-Benz, СлавчеТаневски.

Претставувањето на новиот модел GLC Coupe, чија официјална светска продажба почнува за 3 дена, односно на 17ти септември е претставен во салонот на Мак Аутостар во Скопје.

„Денеска не претставуваме само нов модел на автомобил, туку успех на еден Македонец. Лично го познавам Славче Таневски од самиот почеток во Mercedes и навистина е посебна неговата љубов и посветеност кон убавото, дизајнот, кон професијата“, изјави Владица Кокаловиќ, директор на маркетгинг во Mercedes-Benz Мак Аутостар.

Каков е новиот модел GLC Coupe?

Динамичен и експресивен, накусо опишан новиот модел на Mercedes-Benz GLC Coupé.Тоа е модел кој ги обединува типичните стилски елементи на купе и SUV возило, со импресивни карактеристики во однос на безбедноста, напредните помошни системи и исклучително спортскиот динамичен карактер.

Спортската суспензија, директното управување, системот со различни програми на возење DYNAMIC SELECT, погонот на 4 тркала со 9-степениот автоматски менувач 9G-TRONIC, придонесуваат за лесно, супериорно возење и спортска агилност.

Достапни се две варијатни на потпирање на возилото, новиот систем DYNAMIC BODY CONTROL со челични прижини, како и веќе познатиот AIR BODY CONTROL со воздушна суспензија. И двете суспензии овозможуваат поголема удобност и динамичност при возењето.

Со должина од 4,73 метри и висина од 1,6 метри и должината на меѓуоскиното растојание од 2,87 метри, новото GLC Coupe е за околу 8 см подолго и 4 см пониско од стандардната верзија ан GLC, кои во основа ја имаат истата архитектура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×