Во следните неколку месеци Балканот треба да одлучи како ќе се снабдува со гас
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во следните неколку месеци балканските земји ќе треба да одлучат како ќе се снабдуваат со гас, откако ќе истече договорот за транспорт на рускиот гас преку Украина. „Газпром“ најави дека по четири години, овој енергенс ќе го доставува исклучиво  преку Турција, односно преку новонајавениот гасовод „Сверен тек“.

Според рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин, изградбата на првата од четирите делници на гасоводот, што Русија планира да го гради преку Турција, треба да биде завршена во 2016 година.

„Новиот правец, заедно со Северен тек, ќе оди преку турска територија, а излезната точка ќе биде на турско-грчката граница“, рече Чепурин обраќајќи се на научната конференција „Руските енергетски проекти на Балканот после Јужен Тек“, која вчера се одржа во Белград.

Тој истакна дека иако геополитичката состојба во Европа не е воопшто „лесна“, сепак секоја земја ќе мора да ги брани своите национални интереси, односно интересите на европскиот контитент.

„Сите заинтересирани држави, вклучувајќи ги и земјите од балканскиот регион, треба да одлучат како ќе обезбедат енергетска сигурност и како гасот од турско-грчката граница ќе дојде до крајните потрошувачи“, истакна Чепурин.

Заменик-директорот на Рускиот центар за стратешки истражувања, Игор Прокофјев, нагласи дека голем проблем е тоа што Европската Унија во Русија гледа како на снабдувач на гас, но не и како партнер.

„Потребно е европските политичари објективно да ја согледаат ситуацијата. Ние имаме голем потенцијал, но од политиката зависат идните односи“, рече Прокофјев.

Гасоводот што Русија планира да го гради преку Турција, од рускуот брег на Црното Море ќе оди под морето, а излезната точка ќе биде на турско-грчката граница кај Ипсала.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×