Во Словенија секој десетти вработен е странец, најмногу од БиХ и од Србија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
На Словенија и недостасува работна сила за одржување на високо ниво на економски раст во изминатите години. Тоа го нагласи министерот за економија, Здравко Почивалшек, во разговор со странски компании, јавија словенечки медиуми.
revoz5Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот од минатата година во Словенија имало 885,700 активни лица, меѓу кои 87,700 странци, што значи дека речиси десетти вработен е странец.
Најмногу од нив се од БиХ (околу 42.000), потоа од Србија (речиси 11.000).
Следат работници од Хрватска, но разликата е што хрватските работници во Словенија повеќе не бараат работни дозволи, со оглед на членството на Хрватска во Европската унија.
Речиси 7.100 вработени во Словенија се од Косово, а околу 6.000 од Македонија.
Вработувањето од трети земји од 2015 година е олеснето со добивање дозволи за работа и за престој во општините, дипломатските мисии во странство или преку агенциите за вработување, така што зголемувањето на бројот на странци вработени во последниве години е многу високо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×