Во трет обид прифатена кауцијата на Санадер – поранешниот премиер наскоро ќе може да се брани од слобода
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Вонрасправниот совет на загрепскиот Жупаниски суд, во трет обид, а по мислење на вештак за недвижнини, ја прифати кауцијата благодарение на која поранешниот хрватски премиер Иво Санадер ќе може да излезе да се брани од слобода. Кауцијата подразбира хипотека на 12,4 милиони куни вредните станови и куќи што во третиод обид ги понудија неговата сопруга и пријателите.

УСКОК (Канцеларија за сузбивање корупција и организиран криминал) најави жалба на оваа одлука, бидејќи оттаму сметаат дека едната понудена недвижност е нелегална, додека за другата ја оспоруваат проценетата вредност. За жалбата ќе одлучува Врховниот суд на Хрватска.

Укинатата пресуда против Санадер и партијата ХДЗ во случајот Фими медиа, даде можност истражниот затвор за поранешниот хрватски премиер да биде заменет  со кауција од 1,6 милиони евра (12,4 милиони куни). Случајот е вратен на повторно судење на Жупаниски суд во Загреб. Санадер беше осуден на девет години затвор (заедно со уште девет физички и правни лица) за извлекување околу 10 милони евра од државни претпријатија и институции, преку приватната маркетинг агенција Фими медиа.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×