Во Трст дадено зелено светло и за Научна фондација на западниот Балкан
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во Трст, на самитот западен Балкан – Европска унија, се состанаа и претставници на државите од регионот и од ЕУ, и потпишаа документ за основање Научна фондација на западниот Балкан (Western Balkan Research Foundation), што би ги финансирала научниците од регионот.

Фондацијата главно би доделувала грантови на млади научници со капацитет да создадат врвни тимови и лаборатории во регионот. Освен тоа, Фондацијата би развивала програма за финансирање на мобилноста на научниците, односно на соработката на истражувачите од западен Балкан со нивните колеги од Европа.

Идејата е на германската канцеларка Ангела Меркел, која во 2015 година, на конференција како оваа во Трст, во рамки на Берлинскиот процес, изјави дека од исклучителна важност е да се помага науката и истражувањата во рамките на поддршката за земјите од западен Балкан.

Германската академија на науките, Леополдина, во соработка со експертска група од западен Балкан во текот на претходните три години работела на развојот на оваа идеја, и дала предлог за работа и организација на Фондацијата, што во Трст им беше даден на усвојување на претседателите, на премиерите и на министрите од земјите учеснички на самитот.

По потпишувањето, донесена е и одлука за почнување на процесот на имплементација на идејата, за што мандатот е доверен на група за имплементација, во која се научници и претставници на земјите потписнички.

Оваа група ќе ја истражи техничката и финансиска изводливост на Фондацијата, но и ќе преговара за согласност околу деталите неопходни за функционирање  на ова тело до следниот самит што ќе се одржи во Велика Британија во 2018 година.

Како што е изнесено во предлогот за работа на Фондацијата, на младите научници би им биле на располагање неколку програми за финансирање.

Меѓу грантовите се истакнуваат „Тесла“, што би се доделувал во областа на природните науки и на медицината, додека за општествените и хуманистичките науки би бил грантот „Чабеј“ (именуван по албански научник). Грантот „Марко Поло“ би обезбедувал финансиска поддршка што би ја поттикнувала мобилноста на научниците од западен Балкан.

Освен ова, би постоеле и три дополнителни шеми, што би поддржувале иницијативи и идеи во доменот на промоцијата на науката, на иновациите и на трансферот на знаење и вмрежување на ниво на Балканот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×