Во Турција пристигнаа првите руски ракетни системи С-400, Вашингтон се закани
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Првата пратка од компоненти на руските противвоздушни ракетни системи С-400 пристигна денеска во Турција, соопшти Министерството за одбрана во Анкара.

ц400„Првата пратка од компоненти на системот за противвоздушна одбрана С-400 пристигна во Турција. Испораката се врши во воздухопловната база Муртед“, во близина на главниот град Анкара“, истакнаа турски воени претставници.

Набавката на најновите руски системи С-400 предизвика меѓународен скандал меѓу Турција и САД. Вашингтон бараше зделката да биде прекината, а американскиот ракетен систем „Патриот“ да биде набавен во замена. Во случај да биде одбиена понудата, Вашингтон се закани со одложување или прекин на продажбата на авионите-ловци Ф-35 за Турција, како и со санкции, но Анкара одби да се повлече. По средбата на врвот на лидерите од земјите на Г20 во јапонскиот град Осака, ситуацијата меѓу САД и Турција стана помалку тензична, истакна турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турција многу пати досега нагласувала дека набавката на воена опрема е суверено право и ја исклучи можноста да се откаже од плановите за снабдување со системите С-400.

Москва и Анкара потпишаа договор за испорака на системи С-400 во декември 2017 година. Турската соработка со Русија по ова прашање беше силно критикувана од НАТО и САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×