Во Виена доделени Европските награди за пронајдоци од Европската Патентна Организација
Објавено на од во Teхнологија

Европските награди за пронаоѓачи( European inventors awards) повторно, и годинава фрли светлина на најиновативните умови во Европа и светот.

2019EIAwinnersЦеремонијата на врачувањето на наградите, која повеќе наликува на церемонијата на доделување оскари, на шпанската жена пронаоѓач Маргарита Фалгарес и донесе две награди, а Сите останати награди заминаа глобално, од Јапонија до Австралија.

Годинава церемонијата се одржа во Виена, каде беа наградени иноватори од повеќе области, од иновации во областа на медицината и екологијата до креатори на литиумски батерии.

Тие освен што се пронаоѓачи, исто така се и сопственици на своите интелектуални творби.

Процесот на патентирање на интелектуалната сопственост е исклучително важен за развојот, како на конкретна земја така и на цела Европа и светот, што крајно води до развој на целото, глобално, општество. Европа, во тој поглед  ја има една од најсилните организации за интелектуална сопственост претставена во лицето на Европската патентна организација ( анг. EPO).

При процесот на регистрација на одреден патент, пријавениот пронајдок се проверува во базата на податоци на EPO, која содржи 1,2 милијарди записи, а потоа секоја идеја се разгледува од тричлено жири.

Колку е детален тој процес, покажува и фактот што на трите најголеми по број на патенти компании во системот на ЕПО, Siemens, Huawei и Samsung добиле зелено светло за едвај половината од предложените патенти.

Ваквите настани се исклучително важни, затоа што ги покажуваат најпродуктивните умови на планетата, каков што е случајот со јапонецот Акиро Јошино, овогодинешниот носител на наградата за иноватори од земји надвор од ЕПO.

Јошино е инвенторот на литиумската батерија и нејзиниот развој, елементот кој е клучен за работата на сите паметни телефони и многу други електронски уреди. На доделувањето на наградите, 71 годишнот Јошино изјави дека сака да е жив доволно долго за да ја види примената на литиумската батерија и во автомобилите, исто толку масовно колку и при паметните телефони.

„Интелектуалната сопственост е 85-90% од цената на еден стартап. Кога разгледуваме можности за инвестирае во нeкој стартап, всушност ја проценуваме вредноста на интелектуалната сопственост“, рече Ингрид Спилма, советник на фондови за ризичен капитал, за време на една од сесиите во Виена.

Томас Рајнер, пак, потпретседател на компанијата за сензори AMS додава дека бројот на патенти е посебно важна метрика за инвеститори и бинис партнери.

„Повеќето стартапи не ја знаат вистинската вредност на доброто патентно портфолио“, изјави тој во Виена.

Наградите:

Во категоријата индустрија, за патентирањето на нов начин на рециклирање на пластика и преработка на рециклираниот материјал во висококвалитетни нови производи, наградата ја понесоа Клаус Фајхтингер и Манфред Хекл од Австрија. Нивните машини обработуваат 14,5милиони тони пластика годишно.

Во категоријата истражување, наградата ја понесе Жером Галон од Франција, создавачот на инструментот за прецизно дијагностицирање на рак, immunoscore. Инструментот користи дигитални снимки и софтвер за проценка на можноста за повторување на ракот.

Наградата во категоријата мали и средни претпријатија отиде во рацете на Рик Бројр од Холандија, создавач на заштитен слој за бродови, која штити од подводни наслаги и ја намалува потрошувачката на гориво.

Категоријата „Земји надвор од ЕПO“, ја пополни креаторот на литиумската батерија, јапонецот Акура Јошино, чија иновација денес се користи во пет милијарди уреди, од паметни телефони до лаптопи и автомобили.

Наградата од публиката и за целокупен придонес ја понесе Маргарита Салас Фалгерас  од Шпанија, чијашто иновација возможува побрзо, поедноставно и посигурно детектирање на траги од  ДНК, доволно големи за истражување. Нејзините иновации се користат во онкологијата, криминалистиката, археологијата и други сфери.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×