Водич за купување подароци на луѓе кои имаат сѐ
Објавено на од во lifestyle

На својата листа со луѓе на кои треба да им купите подарок, секако имате некој, кому не можете да најдете што би имало смисла да му се купи, зашто тој има сѐ. Ова е проблемот што потикнал еден од новинарите во редакцијата на TechCrunch, сајтот фокусиран на информатичката технологија, да го напише текстот чиј наслов отприлика вели – „Водич за подароци на луѓето за кои е невозможно да се најде подарок“. Како можна сигурна варијанта TechCrunch препорачува на персоната од интерес едноставно да ѝ купите шише добро виски. Но, ако сакате да бидете малку понепредвидливи, односно, ако сте подготвени, пред сѐ, ценовно, да го прифатите предизвикот да барате подарок за човек којшто има сѐ, сајтот ви нуди листа со предлог-подароци, заклучувајќи дека е невозможно да постои некој кој поседува сѐ од наброеното.

DJI Phantom 2 Vision + dji-phantom-2-vision-plus

Се работи за дрон со кој лесно се управува, а чија GoPro-like камера е монтирана со механизам што е имун на движењата на леталото. „Фантомот“ снима импресивни видеа и фотографии, кои може да ги „стримува“ до поврзаниот мобилен уред. Би бил добар подарок за некој кој од доволна дистанца (во функција на објективноста, нели) сака да ги види и сними, на пример, скопските протести.

Hurom Juicer HRM0022

Карактеристично за овој соковник е што подобро се грижи за здравјето од конкуренцијата. Hurom Juicer-от користи метод за цедење со мала брзина, што овозможува од овој соковник да добиете максимално количество хранливи состојки – витамини, минерали, и, што е можеби најважно, ароми.

Marshall Stanmore Speaker Stanmore_Cream_Sma_2704407c

Единствениот Bluetooth звучник достоен да работи на концерт на Van Halen – заклучуваат во TechCrunch. Тежи цели 5 килограми, и вади „тешкашки“ звук, благодарение на двојниот засилувач за твин-високотонците, и 5,25-инчниот „woofer“.

DacMagic XS Cambridge-Audio-DacMagic-XS-f630x378-ffffff-C-57d42188-85532280

Ретко кој е задоволен од звукот што го испорачува неговиот лаптоп. Тука влетува DacMagic XS, како мало аксесоарче кое кога ќе се приклучи во USB-порт на лаптоп дава засилување (во поврзани слушалки) од 150 mW.

GoPro Hero herofront

За некој кој тукушто влегува во светот на GoPro камерите изборот би бил Hero. Можеби на овој модел му недостасуваат high-end карактеристиките на поскапите изданија на брендот, но, нема да се посрамите со видеата снимени со него кога ќе ги поставите на YouTube. Работи со сите GoPro додатоцидостапни на пазарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×