Волфганг Колер: Скопскиот „Мериот“ е меѓу двата најдобри во Европа!
Објавено на од во Интервју

ОтворањеВолфганг Колер
генерален менаџер на „Скопје Мериот Хотел“

„Скопје Мериот Хотел“ е водечкиот хотел на „Мериот“ во балканскиот регион и ужива навистина висок рејтинг во повеќе области. Всушност, од 99 хотели на Мериот во Европа, од Велика Британија до Русија и од скандинавските земји до Турција, „Скопје Мериот“ е рангиран помеѓу двата најдобри хотели. Со нашиот нов главен готвач, односно Executive Chef, Кирил Ставрев, значителен акцент ќе биде ставен на дополнително развивање на локалната кујна. Бил Мериот (Bill Marriott), актуелниот претседател на компанијата вели: “Успехот никогаш не е финален” – и според тоа ние продолжуваме да се стремиме кон подобрување и оптимизирање на нашите услуги.

 

Ветеран во хотелскиот бизнис, верен на брендот „Мериот (Marriott)“ повеќе од 30 години, Волфганг Колер дојде на местото генерален менаџер на „Скопје Мериот“ пред два месеци, со цел да го унапреди бизнисот на овој премиум хотелски објект во македонската метропола, отворен пролетта 2016 година.

 

Г- не Колеркои се вашите најголеми предизвици и цели сега на новата позиција во Мериот Скопје?

Прво би сакал да кажам дека уживам овде во Македонија. Длабоко сум трогнат од пријателскиот пристап и љубезноста на луѓето. Исто така, импресиониран сум од одличните вештини за гостопримство на тимот во хотелот и од нивната страст за напредување во нивната професија. Како ново назначен генерален директор на „Скопје Мериот Хотелот“, имам цел спектар на области на кои треба да се фокусирам. Дел од нив вклучуваат продолжување на интеграцијата на „Скопје Мериот Хотел“ во локалната заедница, процес кој беше веќе започнат од страна на моите претходници. Потоа, раст на бизнисот – „Скопје Мериот Хотел“ има постојан раст од времето кога хотелот ги отвори своите врати за јавноста. Споредбено со други градови – сè уште има простор за раст во одредени месеци од годината или пак денови од седмицата, особено во секторот за забава и кетеринг. Distrikt Bar & Kitchenпродолжува да се стреми кон тоа главен фокус на концептот на ресторанот да биде понуда на локално искуство – храна и пијалак – на извонредно ниво.

Развојот на нашите вработени, секако: „Скопје Мериот Хотел“ има навистина голем број на талентирани вработени кои може да продолжат со професионалниот развој и да напредуваат кон повисоки работни позиции во хотелот или дури и во рамките на нашата компанија.

 

Какво е задоволството и оцените во „Мериот Интернационал“ за досегашното работење и резултати на „Скопје Мериот Хотел“? Каде сметате дека има простор за подобрување?

„Скопје Мериот Хотел“ е водечкиот хотел на Мериот во балканскиот регион и ужива навистина висок рејтинг во повеќе области. Всушност, од 99 хотели на Мериот во Европа, од Велика Британија до Русија и од скандинавските земји до Турција, „Скопје Мериот“ е рангиран помеѓу двата најдобри хотели.

Со нашиот нов главен готвач, односно Executive Chef, Кирил Ставрев, значителен акцент ќе биде ставен на дополнително развивање на локалната кујна. Во светски рамки има многу примери за издигнување на кулинарското ниво на земјата.

Бил Мериот (Bill Marriott), актуелниот претседател на компанијата вели: “Успехот никогаш не е финален” – и според тоа ние продолжуваме да се стремиме кон подобрување и оптимизирање на нашите услуги.

Конференцискиот туризам во Македонија треба да биде дополнително истражуван. Земја како Македонија, со богата историја и археолошки локалитети, со шармантен главен град со прекрасна инфраструктура, неверојатни знаменитости, одлични винарници и насмеани луѓе, дефинитивно има потенцијал да прими повеќе гости во рамки на овој тип туризам.

 

Значи, може да кажеме дека во Скопје имаме Мериот со истиот квалитет како било кој Мериот во некоја западна метропола.

Секако, со гордост можам да потврдам дека е така. „Скопје Мериот Хотел“ е зграда која претставува знаменитост во центарот на Скопје и ги вработува најдобрите професионалци од областа на угостителството во земјата, многу од нив имаат долгогодишно интернационално искуство – најмногу со работа на прекуокеанските бродови – крузери.

 

Кои се најголемите конкурентски предности на хотелите кои се дел од Мериот групацијата?

Мериот им овозможува големи предности на инвеститорите, како и на своите гости. Во Мериот портфолиото во моментов имаме преку 30 различни хотелски брендови од различни категории, од „Moxxy“ до „Bvlgari“ во луксузниот сегмент. Хотелскиот бренд “Marriott/Мериот” е брендот – наследство во нашата компанија, позициониран во премиум сегментот.

Оперативната поддршка со прецизно поставени процедури и правила е на многу високо ниво, стандардите се јасно поставени и имплементирани во сите брендови низ светот. Стандардизираните оперативни системи дозволуваат ефикасно и брзо известување и анализирање. Исто така интегритетот е на високо ниво и ориентирани сме кон клиентите.

 

KAT_3283_resizeКаков е профилот на просечниот Мериот клиент и колкаво е просечното ниво на задоволство во „Скопје Мериот“ Дали преовладуваат бизнис патниците или бројот на туристички групи што ја посетуваат Македонија е исто така висок?

Пред околу десетина години Мериот започна интензивна трансформација на сите негови брендови, со цел да ги задоволат потребите на новата генерација патници. Оваа стратегија беше успешно завршена и ги постави темелите на успехот на бизнисот. Денешните патници се променети, нивниот концепт на живот, балансот помеѓу работата и приватниот живот, сето тоа потпомогнато од развојот на технологијата и иновациите, не може да се споредат со она што беше претходно. Дури и изгледот и дрес кодот еволуираа изминативе години. Со сите овие промени, се променија и потребите на денешните патници.

Денешните патници се технолошки потковани и сакаат да истражуваат. Бизнис посетите станаа возбудливи патувања каде што се истражуваат разни кујни и култури. Денешните патници сакаат да комуницираат и да споделуваат искуства. Социјалните медиуми се интегрален дел за споделување на искуства.

Во Скопје Мериот, им посакуваме добредојде како на традиционалните патници, така и на новата генерација бизнис патници.

Скопје, како и „Скопје Мериот“ во голем дел е бизнис дестинација, надополнета со туристички патници. Втората група (туристички патници) има потенцијал да се развива уште повеќе, за да ја покрие ниската сезона на бизнис патниците.

 

Со оглед дека хотелско – угостителската дејност во земјава се соочува со проблем на наоѓање квалификуван кадар веќе подолго време, какво е искуството на Мериот Скопје во тој поглед? Дали имате потреба да “увезувате“ кадар? Колкав дел од вработените во моментов се странци? 
Многу држави се соочуваат со тешкотии при изнаоѓање на високо квалификувани членови на тимот, така што ова не е специфично само за Македонија. Ние во „Скопје Мериот“ сме привилегирани со тоа што имаме бројни членови на нашиот тим кои имаат меѓународно искуство.

Дополнително на тоа, ние обезбедуваме интензивни и сеопфатни обуки на нашите вработени при секојдневното работење, а исто така се грижиме за понатамошно усовршување на менаџерите на одделите. Персоналното надградување е клучен двигател на денешната работна сила.

За време на процесот на отворање на хотелите, нашата компанија поставува професионалци на клучните позиции кои имаат искуство во компанијата, за правилно да ги постават оперативните темели за во иднина, и тоа се обично луѓе што доаѓаат од друга земја. Овие странци се назначуваат за ограничен временски период – најголемиот дел од нив за временски период од две години – се додека локалните кандидати не се стекнат со потребните бизнис вештини за да ја преземат водечката функција.

Шест странци беа дел од тимот при отворањето на „Скопје Мериот Хотелот“. По две години работење на хотелот, 50% од овие позиции се преземени од Македонци, што значи дека во моментов имаме тројца странци.

 

Што значи да се биде дел од групација како Мериот, споменавте специјални обуки и сл., за какви обуки се работи, колку траат тие?

Еден од темелите односно принципите на нашиот претседател Бил Мериот е следната изјава: “ Вработувај луѓе со вистинскиот талент – ние ќе ги научиме на техничките вештини”

Во февруари 2018 година јас ја започнав мојата 33-та година во Мериот. Што значи тоа за мене?

Во сите мои години во Мериот никогаш не сум имал здодевен период. Нашата компанија постојано еволуира. Додека клучните принципи – имплементирани од нашиот основач Џ.В. Мериот (J.W. Marriott)– остануваат непроменети, тоа не е случај со потребите на работното место. Постојаниот стремеж за подобрување и иновација како и нови иницијативи создаваат позитивно ниво за мотивација. Менаџерите се подготвени за денешните и идните предизвици. Едноставно е мотивирачки да се работи во таква компанија која секогаш оди напред.

Обуките и тренинзите се од многу висок приоритет во Мериот. Тие може да бидат толку едноставни како на пример секојдневни обуки од по 15 минути во стил на предавање во училница, или пак работна обука од подолг временски период.

 

Што друго можеме да очекуваме како новина од Скопје Мериот, после отворањето на Дистрикт Бар терасата и неколкуте луксузни продавници на приземјето?

За гостите највидливиот дел ќе биде фокусот на Дистрикт Бар и Ресторан. Неговиот концепт е прекрасен и ќе биде понатаму развиен. Очекувајте повеќе новости во иднина. И да, секако има делови што не се дел од хотелот, односно за кој нашиот инвеститор бара понатамошен развој.

 

Македонија ја посетуваат се’ повеќе странски туристи последниве неколку години, па како човек што неодамна почнал да живее и работи во земјава, што сметате дека најпрво треба да направиме за уште поголема туристичка привлечност на државава? Што вам лично најмногу ви се допаѓа во Македонија?

Многу ми се допаѓаат луѓето во Македонија, нивните одлични угостителски способности. Земјата има живописни предели, антички делови и богата историја и најважно многу добро вино. Винарниците се блиску до главниот град. Би им препорачал на сите што доаѓаат да уживаат со чаша добро вино додека седат во некоја од кафеаните, и уживаат во македонската храна и слушајќи македонска музика. Туристите се важни за земјата и не гледам причина зошто бројот на посетители не би пораснал. Погледнав неколку интересни реклами како „Мacedonia timeless” што јасно ги прикажуваат сите убавини и предности на земјата и нејзината разноликост. Соседните земји можат да станат важен дел од посетите на туристичките групи, исто така.


Верен на брендот Мериот повеќе од три децении

Г-дин Волфганг Колер, инаку Австриец, официјално го презеде кормилото на “Мериот Скопје Хотел“ на 16 април годинава, доаѓајќи од Русија, каде што беше одговорен за отворањето на неколку хотели во рамки на групацијата „Мериот“.

Колер почнал да работи за “Мериот“ во 1987 година, како шеф на кујната во „Виена Мериот Хотел“, откако стекнал искуство и пракса во угостителските оддели на повеќе хотели во Австрија и Норвешка. Неговата кариера потоа се развива преку позициите во „JW Marriott Century City“ во Калифорнија, како менаџер за подготовка на храна, „Варшава Мериот Хотел“, Полска, како и „Минхен Мериот Хотел“, Германија, како главен шеф на кујната.
Потоа г-дин Колер се враќа во Европа, каде што ја држи позицијата шеф на одделот за храна и пијалаци во “Будимпешта Мериот Хотел“, Унгарија, а потоа и директор на операции во истиот објект.
Неговата прва позиција генерален менаџер е во „Courtyard Istanbul Airport Hotel“ во 2009 година. Потоа тој го предводел отворањето на „Courtyard Irkutsk City Center Hotel“ во Русија, како и уште неколку проекти во Источна Европа. Изминативе две години Колер придонесе во отворањето и на хотели од „Мериот“ групацијата во руските градови Краснодар и Вороњеж, пред да стигне во Нижни Новогород, каде што заврши голема работа во малку покомплицирани околности, затоа што не се работеше само за отворање на нов хотел, туку за вклопување на хотел од брендот „Шератон“ во рамки на “Мериот“ групацијата, откако дојде до нејзино спојување со SPG групацијата, во чии рамки е и „Шератон“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×