Volkswagen  Transporter Т6 ја освои наградата „ International Van of the Year“ за 2016 година
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Најновата верзија на  најпродаваниот модел на фолксваген произведен во Хановер, Transporter Т6, беше прогласен за најдобар интернационален „VAN“ –  најдобро комерцијално возило во класата за 2016 година.Наградата на Transporter Т6 му ја додели жирито во кое членуваат новинари од цела Европа, а статуетката беше доделена на саемот во Лион, Франција.

T6 Van

Жирито составено од новинари од 24 европски земји кои се специјализирани во областа на комерцијалните возила, одлучи дека Transporter Т6 на Volkswagen е најдобар во својата класа и му ја додели наградата  „ International Van of the Year“ за 2016 година. Станува збор за шеста генерација на моделот кој третпат во својата историја ја добива оваа престижна награда. Статуетката ја прими извршниот директор на секторот за комерцијални возила на Volkswagen, Екхарт Шолц.

- Ова е големо признание за нашето Т семејство. Воедно е и достигнување за нашиот тим кој со имплементирање на вистинските чекори го направи возилото од Хановер најдобриот Транспортер досега. Почестени сме што го добиваме ова признание и го гледаме како сигнал и мотивација за успешен старт на 2016 година која ќе биде полна со предизвици – изјави господинот Шолц.

Т6 го одликува остар и прецизен дизајн, повеќе простор и намалена потрошувачка на гориво. На располагање се и повеќе нови системи за помош на возачот, како на пример Dynamic Cruise Control, со кој возилото може да се адаптира на три начини на возење

– комфорно, нормално и спортски, како и системите Adaptive Cruise Control, Front Assist, Automatic Post Collision Braking System, Driver Alert System и Park Pilot. Додека новиот забавно- информативен систем ги поврзувасите уреди преку Bluetooth со цел да му овозможи на возачот безбедно користење на уредите.

Transporter од 1950 година поставува нови и повисоки стандарди во поглед на дизајнот, економичноста и функционалноста. Набрзо по светската премиера, T6 пристигна и во Македонија благодарение на импортерот „Порше Македонија“ кој во соработка со Порше Лизинг уште од самото претставување на пазарот, до крајот на 2015 година овозможи атрактивен лизинг аранжман со 5,5 отсто каматна стапка и 15 отсто учество.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×